Ерик Лигнам, Диретор во Microsoft за бизнис и продажба, веќе неколку години овозможува огромна листа на книги, поточно електронски книги кои секој може да ги симне бесплатно. За оваа понуда од Microsoft досега не знаевме, па благодарение на информација од колега, сега можеме да ја споделиме и со вас.

Листата со книги е голема, достапни се за симнување една по една, а кој сака може да ги симне и сите одеднаш. Темите кои се обработуваат во овие книги се разбира, поврзани се со производите на компанијата, па може да се најдат книги на следните теми:

  • Windows 10 и Windows 8.1
  • Office 365, Office 2016, Office 2013
  • SharePoint 2016 и SharePoint 2013
  • Power BI
  • Azure
  • Dynamics CRM
  • PowerShell
  • Exchange Server
  • Cloud

Ова се само дел од темите кои се достапни, а доколку сметате дека ви се потребни вакви и слични книги од Microsoft, целата листа, со линковите за симнување, можете да ја видите на следниот линк.

Претходна статијаDream Chaser, новиот „спејс шатл“ имаше успешно слетување
Следна статијаHuawei лансира паметен Honor рутер кој ќе ја подобри Wi-Fi мрежата во вашиот дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.