pic

Веќе зборувавме за фидбек, но не би сакала таа тема само да ја скокнеме набрзина. Ни останаа уште неколку  важни работи за кажување. Затоа денеска ќе зборуваме за отстапувања кои ни се случуваат кога треба да носиме одлуки.

Човечкиот мозок не е идеален. И покрај тоа што сеуште не е создаден таков компјутер кој функционира комплетно како човек, тоа не значи дека ние сме совршена машина. Сите ние понекогаш имаме погрешни резонирања, но веројатно никогаш не сте се запрашале на што се должи тоа. Причината за тоа се когнитивните предрасуди.

Когнитивните отстапувања првпат се дефинирани во 1970 година од страна на психолозите Даниел Канеман, Пол Словиц и Амос Тверски. Според нивните објаснувања, станува збор за тенденција да се преземаат акции кои се нелогични.  На оваа тема има многу дискутирано и Роб Фитзпатрик во неговата книга “The Mom test”. Од неговите искуства накусо кажано,  цели фирми и бизниси пропаѓаат, доколку сите процеси и идеи се базираат на пристрасни мислења. Затоа во прилог ќе го објасниме секој вид на отстапување.

glases

Отстапување заради одобрување (confirmation bias)  – се појавува кога се потпираме на информации кои се во согласност со нашите постоечки верувања. Податоците кои не се вклопуваат во оваа рамка се иссфрлени. Ова може да доведе до носење пристрасни одлуки, бидејќи не се земени во обѕир сите информации кои се релевантни.

Закотвување (anchoring) – се појавува кога носиме проценка за работите при првиот впечаток за нив. Физичкиот изглед и оутфитот се вообичаено работите заради кои носиме погрешни одлуки при проценување на луѓето на прв поглед. Истото може да се случи и при купување – се потпираме на првата цена на производите. Секој нареден ист производ очекуваме да има цена блиска до онаа која е прва видена за производот од интерес.

Преголема доверба во сопственото знаење – ова се случува кога не не’ интересираат туѓи ставови, бидејќи го преценуваме сопственото познавање на проблематиката на која се дискутира или истражува. Вака, слично како и во претходните случаи, се намалува објективноста и тоа исто може да донесе катастрофални последици, бидејќи не се гледа фактичката состојба. Ова особено ги тангира стартапите кои се во процесот на развој на продукт, бидејќи би можело да резултира во залудно потрошени пари и време.

Потпирање на актуелните ифнромации – се појавува кога ги разгледуваме опциите кои ни ги нудат смартфоните (на пример листа на настани од фејсбук)  и не бараме ново место за информирање (пример, плакати за настани закачени низ град)

Пласебо ефект – типичен за медицината. Идејата е дека луѓето веруваат дека ќе им биде подобро од апчињата пто ги пијат, а всушност им е подобро од психата и нивниот начин на размислување.

 

Претходна статијаMicrosoft ќе претстави нова to-do апликација и покрај Wunderlist
Следна статијаFacebook купува украдени лозинки од црниот пазар за да ги заштити нашите сметки