xqr9ohidgkke5idvznkm

Една од најинтересните новости изминатата недела беше можеби и најинтересната новост во изминатите години. Теоретски претпоставуваните гравитациони бранови беа потврдени од страна на научниците. Со ова откритие сме поблиску до разбирањето на гравитацијата, како и многу други теории поврзани со Теоријата на релативитет од Ајнштајн.

adobe-animate

Adobe Flash Professional официјално стана Adobe Animate. Со тоа оваа позната програма за правење анимации станува повеќе од главната алатка за правење на флеш анимации. Корисниците веќе ја користат за HTML5 и други технологии, па со промената на името Adobe ќе остане фактор и со поголемата популарност на новите технологии, наспроти напуштањето на Flash.

mobile_and_desktop

Во иднина сигурно ќе биде нормална практика, а сега го гледаме почетокот на уредите коишто ќе можат да се користат во повеќе форми. Поточно, по претставувањето на Windows 10 Continuum, па првиот таблет компјутер со Ubuntu Convergence, можевме да видиме уште еден ваков интересен концепт.

Паметен телефон којшто работи на Maru OS овозможува работа на Android додека се користи телефонот. Доколку истиот биде поврзан на поголем екран, достапен е Debian оперативниот систем за целосно десктоп искуство.

Останатите најчитани статии од изминатата недела се следните:

Претходна статијаПотврдено: Гравитационите бранови постојат (Ајнштајн се смешка во гробот)
Следна статијаЧиповите на Intel во иднина ќе бидат побавни, но поекономични