huawei_ascend_p8_lite_rear_upper_camera

Huawei е втората кинеска компанија којашто во изминатиот период успеа да им се доближи на двата најголеми производители на мобилни телефони во светот, Apple и Samsung. По преземањето на третото место во светот, Huawei оваа година се очекува да биде компанија со најголем раст на пазарот. Тоа можеби нема да биде доволно за да го земе местото на некоја од двете компании, меѓутоа покажува во кој правец се движат работите.

Можеби една од најголемите предности по сериозниот влез на кинеските компании на пазарот за мобилни телефони е нивната ценовна политика. Тие настапуваат со моделот на силни компоненти за многу пониски цени од најголемите конкуренти. Кога ќе се земе во предвид дека кај големите компании голем дел од цената е и за брендот, нема да биде лошо доколку влезот на кинезите придонесе за одредено намалување на генералните цени. Тоа секако не мора да биде единственото влијание, па може да се очекува и зголемување на цените на кинеските производи, наместо намалување на другите.

graphics-labels_EN.0

По подолго време на чекање, Facebook конечно ќе воведе одредени промени во легендарното лајк копче. Како и што пишувавме пред повеќе месеци, овие промени не значат воведување на дислајк копче, туку воведување на дополнителен начин за изразување на одредени чувства коишто не се покриени со лајк копчето.

За таа цел Facebook ќе го прошири лајк копчето со 6 дополнителни, таканаречени Реакции. Корисниците ќе може да притиснат и на љубов, хаха, јеј, wow, тага и лутина, поточно на англиски: love, haha, yay, wow, sad и angry.

Autopilot_Web_Homepage_1212016-2

Tesla Motors го претстави своето прво промотивно видео и истото е направено за нивниот Autopilot режим на возење. Од видеото може да се види како од компанијата гледаат на нивниот систем и што може да се очекува од ваквите системи во иднина.

Следејќи го развојот на системите за самоуправување на автомобилите, може да видиме како ќе изгледа сообраќајот во иднина. Нешто што не ретко го имаме гледано во НФ филмовите, сега го гледаме неговиот почеток. Прво автомобилите ќе имаат се подобра способност да управуваат самостојно во повеќе ситуации со контрола на возачот, за да понатаму станат целосно автономни како што ги замислува Google со нивниот автомобил.

Останатите интересни и читани новости од изминатата недела се следните:

Претходна статијаВашиот мозок е способен да запомни 1 милион гигабајти податоци
Следна статијаGoogle Chrome конечно ќе добие Material дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.