57068f29c36188ce5f8b45bd

Панамските документи – огромен збир на документи од панамската компанија Мossack, Fonseca & Co. кои треба да прикажат корупција на многу светски политички фигури насекаде во светот. Интересно е што западните медиуми се обидоа да ги игнорираат западните политичари кои беа сомнителни во документите и да се фокусираат на дежурниот кривец Путин и неговите пријатели, а тие од другиот „блок“ пак, обратно. Вистината е веројатно некаде на средина.

Сепак, тоа што е интересно е како новинарите кои работеле на оваа истражувачка приказна успеале да ја сочуваат од очите на јавноста (и политичарите) цела една година.

Имено, се работи за 11,5 милиони документи во екстратериторијални компании (т.н. „оф-шор“ компании) кои најчесто се користат за криење на идентитетот на нивните сопственици, перење пари и спроведување бизниси надвор од очите на јавноста (кои не мора секогаш да се сомнителни – некои луѓе едноставно сакаат приватност). Тие 11,5 милиони документи се зачувани во 2,6 терабајти податоци што претставува огромно количество, поголемо и од податоците кои WikiLeaks ги добија пред неколку години.

Операција за безбедно „чешлање“ на документите

panama-papers-mossack-fonseca_e5c5a0aa-faef-11e5-89a7-e0427befb59e

Секако, засегнатите политичари никако не се среќни околу истекувањето на документите. Тоа и самите новинари го претпоставувале, па изработиле план како да можат да ангажираат многу новинари кои би можеле да прочешлаат низ документите, а да тие не истечат во јавноста.

Операцијата траела во неколку фази. Првата фаза била доставување на материјалите до новинарите, што било изведено од анонимен извор кој себеси досетливо се нарекол John Doe (име кое во англофонскиот свет често се користи за некој непрепознатлив т.е. анонимус). Тој во 2014 г. исконтактирал со Бастиан Обермаер, новинар во германскиот Зидојче Цајтунг, како и со други.

Втората фаза претставувала филтрирање и означување на документите, како и подготвување на платформата за соработка и споделување на работата. Потоа податоците биле закачени на платформата и започналата третата фаза, односно, споделување на истите меѓу новинарите во различните земји кои го познавале контекстот, јазикот и лицата кои се исконтактирани. Практично, во оваа фаза работата била извршена преку дистрибуиран труд од повеќе новинарски екипи од различни држави.

Платформата била кодирана и содржела двофакторска автентикација за да осигура приватност и безбедност на податоците и да ги отстрани пречките во работата на новинарите. По истражувањето, започна најновата фаза, а тоа е објава на дел од податоците.

Критика

Vladimir_Putin_and_David_Cameron_2015-11-16_01-1024x632

Во целата операција не може да се негира храброста на новинарите, нивната дисциплинираност и посветеност во работата. Сепак, неколку силни критики беа упатени до нив уште од самото објавување на информациите.

Имено, првата најсилна критика беше упатена преку неприродната фокусираност на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, иако ниту тој, ниту членови на неговата фамилија не се спомнати во документите, туку негови пријатели. Од друга страна, некои од западните новинари се обидоа да избегнат да го спомнат Дејвид Камерон кој е директно врзан со аферата преку неговиот татко, и се работи за големи суми. Дополнително, на критика дојде и фактот што сомнително не се објавени документи за политичари од САД.

За погорното дури и самите WikiLeaks директно ги критикуваа вклучените новинари за нивната пракса да извадат на виделина само 1% од сите документи, што оневозможува да се докаже дали цензорираат и намерно пуштаат само одредени документи во „етерот“, што е втората голема критика.

Третата голема критика е што новинарски куќи кои докажано се борат за транспарентност и против корупцијата, како The Intercept на Глен Гринвалд или WikiLeaks, не биле вклучени во акцијата на истражување и објавување на документите, што е навистина чуден потег.

Како и да е, подвигот кој го превзедоа новинарските групи е херојски и заслужува за почит, но и за критика кон неколкуте слабости кои се закануваат да ги зацрнат напорите да се обелодени можната корупција и меѓународното движење на парите во светот.

Дополнителни информации: ICIJ.org, Mashable, Hindustan Times, RT

Претходна статијаМакпетрол го претстави Ултраматик – паметно решение за автоматско препознавање на возилата
Следна статијаIntel ќе претстави нови Pentium и Celeron чипови за евтините лаптопи и десктопи