Малициозен софтвер загрозува милион Android уреди преку инсталирање на апликации

Напишано на 02.12.2016 - 13:18 од Иво Гиевски

android-logo-796x398

Мобилниот оперативен систем на Google повторно е на мета на напад на хакерите. Овој пат, преку инсталирање на стандардни апликации, се инсталира и малициозен софтвер, кој веќе има загрозено преку еден милион корисници.

Сепак, македонските корисници не би требало да бидат премногу загрижени. Имено, овој малициозен софтвер го нема на Play Store, туку на други пазари за апликации кои се популарни во источните земји, како Кина. Да, и кај нас има кинески телефони со други пазари за апликации и доколку некој од вас има таков смартфон, нека се осигура дека нема да симне една од апликациите наведени на сајтот на Check Point (најдолу), односно воопшто да не симнува од тој пазар. Google Play Store е секогаш побезбеден избор.

info_3_revised_11-29-copy-1-768x512

Малициозниот софтвер инаку го откри компанијата Check Point, кои се бават токму со безбедност. Тие овој напад го нарекоа Gooligan и според нив, овој вирус секојдневно загрозува преку 13.000 нови уреди. Засега загрозени се Android Jelly Bean, KitKat и Lollipop верзиите, што значи дека ако имате понов, односно Marshmallow и Nougat, целосно сте безбедни.

И покрај тоа што ова е веројатно најголемиот хакерски напад на Android досега, корисниците барем нема да треба да бидат загрижени за своите приватни податоци. Имено, овој вирус инсталира апликации од Play Store и потоа, без знаење на корисникот, става високи оценки на апликацијата. Со самата инсталација на апликацијата пак хакерите успеваат да заработат пари од рекламите, шема која генерира повеќе од 320.000 долари месечно.

За да проверите пак дали сте загрозени и вие, можете да ја внесете email адресата на веб сајтот на Check Point и веднаш да дознаете. Доколку сте загрозени, препорачувам целосно да го избришете вашиот паметен телефон, односно да направите ресетирање.

Извор: The Verge, The Hacker News, The Next Web

За Авторот

Пасиониран возач на спортски автомобили и длабоко навлезен во светот на автомобилизмот. Редовно ги следи последните случувања во квантната и астрофизиката, а е заљубен во универзумот. Не може да одолее на секое подобро парче хардвер што ќе излезе на пазарот и тогаш обично е залепен за мониторот, читајќи ги сите спецификации и новитети. Контакт: [email protected]