Руските хакери се најпознати во светот на интернетот, а истото важи и за оние кои треба да не заштитат од нив. Kapersky е секако една од најуспешните компании за софтвер наменет за отстранување на вируси и заштита на податоците на корисникот, тие сега лансираат и нов оперативен систем, кој е наменет за индустриски цели, односно заштита на IoT системите и мрежните уреди.

Интересно, Kaspersky OS е целосно нов оперативен систем, со нов код развиен токму од руската компанија, а на база на Microkernel архитектурата. Досега имаше неколку вакви оперативни системи кои беа изработени на база на Linux, но овој на Kaspersky не е таков. А за да го развијат кодот, според Јуџин Касперски, извршниот директор на компанијата, тие работеле цели 14 години.

Во тие 14 години тие постигнале да развијат софтвер кој може да егзекутира само документирани операции. Во превод, ова значи дека малициозните кодови нема да можат да му направат ништо, бидејќи корисникот уште во старт ќе дефинира какви програми ќе можат да работат на него. Исто така, корисникот секогаш ќе има пристап до кодот, со цел да види дали има некој малициозен код во него.

Овој оперативен систем сепак нема да можете да го инсталирате на вашиот компјутер. Тој нема ниту графички кориснички интерфејс и е наменет само за индустриски апликации. Сепак, покрај оперативниот систем, тој ќе има и „безбеден супервизор“ за виртуелни машини, што значи дека врз него ќе може да работат други оперативни системи. Исто така, Kaspersky OS има систем за безбедна интеракција помеѓу различните компоненти на оперативниот систем, покривајќи ја безбедноста на цела една мрежа на уреди.

Извор: The Hacker News, Neowin, ZDNet

Претходна статијаАнализа на Tesla Powerwall после една година користење во Австралија
Следна статијаУлтра Распродажба во Капитол Мол