pixel-xl-family-us-only-1

Уште од времето на Nexus телефоните, важеше дека тие се најбезбедни од пробивања, бидејќи имаат чиста Android верзија и чести надградби на понови, посигурни верзии. Сепак, почетокот на новата Pixel серија не е сјаен во овој дел – на натпревар за хакирање во Кина, хакери успеале да влезат во Google Pixel за помалку од една минута.

Хакерите се инаку од компанија за интернет безбедност, односно се таканаречени „бели хакери“, кои своите способности ги користат само за добри цели, како на пример наоѓањето на пропусти во уреди како Google Pixel. Тие доаѓаат од компанијата Qihoo 360, која со пробивањето на телефонот ја доби наградата од натпреварот која изнесува 120.000 долари.

screenshot_2

Хакот инаку автоматски го отворал Play Store, пред да отвори веб страна на која пишува “Pwned By 360 Alpha Team”. Интересно, Google неодамна најави дека нивните Pixel телефони ќе бидат подеднакво безбедни со iPhone, но тоа веројатно не е случај. Корисниците можат да очекуваат безбедносни надградби во многу скоро време, кои би требало да ги отклонат проблемите со лесно пробивање.

Но, хакирани беа и двата главни конкуренти на Google – хакерите од Qihoo 360 го хакираа и Microsoft Edge за само 18 секунди, за што добија награда од 140.000 долари. Од компанијата Pangu пак, која се занимава со jailbreak на iOS, успеаја да го пробијат Safari на Mac OS Sierra за само 20 секунди, за што добија награда од 80.000 долари.
screenshot_3

Овие хакерски натпревари се одржуваат за софтверите кои ги користиме да бидат побезбедни, но од година во година хакерите успеваат се побрзо и побрзо да ги пробијат. Затоа, бидете претпазливи за што ги користите своите паметни уреди, особено ако не сте доволно упатени во безбедноста.

Извор: Daily Dot, The Hacker News, NDTV

Претходна статијаНовиот MacBook Pro достапен во iStyle – добивме можност да го отпакуваме и разгледаме први
Следна статијаГугл научи ВИ како да енкриптира и да избегне „шпионирање“