Сајбер нападите, кои најчесто се користат за крадење лозинки или изнудување на пари од корисниците со заклучување и енкриптирање на нивните компјутери, стануваат се почести и начинот како да се заштитат е се помалку познат за секојдневниот корисник на паметен уред. Затоа, Google направи истражување со цел да најде кој е најчестиот начин со кој се влегува во приватниот простор на корисникот.

Според нивните истражувања, “Phishing” (кликнување на линк кој потоа активира програм кој ги краде податоците) е најголемата опасност за просечниот корисник. Оваа техника се користи пред сѐ за крадење лозинки од онлајн сметките или социјалните мрежи. Така, дури 12 милиони напади биле преку таа техника, споредено со 788.000 преку “keyloggers” (вчитување на секое отчукување на тастатурата).

Исто така, дури 3,3 милијарди сметки биле изложени на опасност од пробивања од „трета страна“. Интересно, дури 12% од овие сметки биле на основа на Gmail, додека лозинките од сервисот на Google биле повторно употребени за други сервиси, што корисниците ги изложува на уште поголем ризик од напади.

Google инаку направи големи напори за зголемување на безбедноста на корисниците на нивните онлајн сметки, но новите истражувања покажуваат дека поновите алатки за “Phishing” и “Keylogging” стануваат се подобри и денес дури имаат и можност за крадење на IP адресите на корисниците.

Сепак, благодарение на новите техники на заштита на Google, кои тие ги научиле со помош на ваквите истражувања, тие заштитиле дури 67 милиони кориснички сметки пред тие да бидат загрозени. Како и да е, тие порачуваат и самите корисници да придонесат за зголемување на безбедноста и да користат двојна автентификација и генератори на лозинки.

Извор: Engadget, ZDNet, BBC

Претходна статијаПисателот Џеф Кини: децата ја губат способноста за конверзација
Следна статијаGoogle повторно е главниот пребарувач во Mozilla Firefox