jamescomey_0

Ако директорот на FBI става црна лепенка на веб камерата на својот лаптоп, тогаш сите ние треба да ставиме лепенка, нели? Не толку брзо – тоа се сепак луѓе кои константно мислат на својата безбедност и на тоа да не протечат нивни информации во јавноста.

Навистина, која би сакал да ја гледа секоја камера во светот? Хакерите обично таргетираат компјутери кои се на видни личности и воопшто не ги интересира приватноста на обичниот човек. Поточно, доколку не можат да извлечат пари од вас, веројатно и нема да сакаат да ја пуштат камерата на вашиот телефон/таблет/лаптоп/десктоп и да ѕирнат во вашата приватност.

Директорот на FBI, Џејмс Коми сепак е човек кој работи во организација која се бори против овие работи и логично е што сака да се заштити. Тој изјави и дека на секој компјутер во нивните канцеларии е залепена лепенка која физички ги спречува хакерите да ѕирнат во FBI. Вакво нешто на својот компјутер има дури и Марк Цукерберг меѓу другите, секако поради истите грижи дека ќе биде загрозена неговата приватност.

Навистина, доколку нема некој хакер како Елиот од популарната Mr. Robot серија, кој пробива во животите на „обичните“ луѓе со цел да исправи некои ситни неправди што ги прават, не би требало да сте особено загрижени. Сепак, доколку постојано мислите дека некој може да ве види, повелете и залепете црна лепенка на вашата веб камера. Ќе имате барем мирна глава дека сте безбедни од очите на хакерите.

Не и на ушите, секако. Микрофонот е малку потешко да се блокира од сите звуци…

Извор: The Hill, Independent, Gizmodo

Претходна статијаSamsung пушти специјална надградба, со која батеријата на Note 7 ќе се полни до 60%
Следна статијаSamsung ќе го исфрли 3,5 mm излезот во наредните телефони, замената нема да биде USB Type-C?