Snapchat е мултимедијална апликација за испраќање на слики и текст и е направена од Evan Spiegel, Bobby Murphy и Reggie Brown, поранешни студенти на Stanford University. Компанијата која стои позади Snapchat се вика Snap Inc.

Првичното име на апликацијата не било Snapchat туку Picaboo. Креаторите, пред да дојдат до идејата за ваков тип на апликација имале 34 неуспешни проекти (упорни дечки). Идејата за испраќање на слики кои откако ќе бидат пратени, после некое време ќе исчезнат, ја добиле откако Reggie Brown, во 2011-та година, по грешка испратил слика и после зажалил за истото (можеме да замислиме каква слика испратил…). Иако привчната идеја за Snapchat ја имал Brown, сепак Spiegel и Murphy го изоставиле од компанијата и поради тоа се’ уште постои судски спор. Brown има забрана за пристап до останатите двајца.

Инаку, логото на Snapchat, она слатко духче, има име и се вика Ghostface Chillah, по раперот од Wu-Tang Clan, Ghostface Killah.

Snapchat денес има околу 200 милиони корисници низ светот, од кои 70% се жени, а 30% се мажи. Можеби и затоа има толку голем избор на филтри со кученца кои го лижат екранот и со цвеќиња на глава… 71% од сите корисници се помлади од 25 години.

На Snapchat корисниците најмногу испраќаат слики од нивните пијачки, дури 93%. 15% од корисниците испраќаат слики од интимните делови на телото … Премалку.

Snapchat е апликација која е на второ место по користење, веднаш после Facebook. Повеќе се користи дури и од Instagram.

Околу 21% од корисниците на iPhone ја користат Snapchat. Дури 59% од корисниците некогаш добиле “неприкладен” Snap, а само 12% признале дека го користат за Sexting. Корисниците на Snapchat, оние 200 милиони, дневно испраќаат околу 7 милијарди снепови, што ја надминува бројката на споделување на слики на Facebook и на Instagram.

Според Institutional Venture Partners, вредноста на Snapchat е проценета на 800 милиони долари. Импресивно!

Во Октомври 2013-та година, Mark Zuckerberg испратил понуда за купување на Snapchat. Понудата била вредна 1 милијарда долари. Откако ја одбиле оваа понуда директорите на Snapchat, Zuckerberg се вратил еден месец подоцна со понуда вредна 3 милијарди долари. И овој пат била одбиена понудата. Марк бил навистина упорен и дошол следниот ден со понуда од 4 милијарди долари. И овој пат му мавнале корпа.

Претходна статијаGoogle Brain разви вештачка интелигенција која сама може да ги криптира податоците
Следна статијаПрви импресии: Moto Z е модуларен смартфон со навистина корисни додатоци