10 подароци за Божиќ за секој Geek

Напишано на 09.01.2017 - 11:58 од Смартпортал

Божиќните и Новогодишните празници се период кога најмногу се трошат пари за купување подароци. Купувањето на поклон за Вашите Geek пријатели, дечковци, девојки, родители, деца е тешка задача. Но, тука сум за да Ви помогнам.

Во продолжение ќе Ви дадам предлог за 10 gadget-и кои можете да ги поклоните:

  1. iPhone

Доколку имате подлабок џеб и сакате да го поклоните моментално најдоброто парче технологија, тогаш iPhone е вистинскиот избор.

  1. Beats слушалки

Beats слушалките се според мене одлични за сите оние кои сакаат да слушаат музика во движење. Beats слушалките се одличен моден додаток и имаат одличен звук.

  1. Sphero BB-8

Ова мало дронче што се тркала е реплика на BB-8 од Star Wars. Слатко, мало дронче кое можете да го контролирате со нараквица низ Вашиот дом и со мобилна апликација. Испушта звуци и може да снимите видео порака, исто како на оригиналниот BB-8. Одличен подарок за оние кои се обожаватели на Star Wars.

  1. Thule Backpack Bordeaux

Дваесет и четири литарски ранец дизајниран со опциите за паметно складирање и брз да пристап до опремата. Одговара на 15 “MacBook Pro® / 15.6” компјутер плус таблет. Има SafeEdge дизајн на преградата од лаптопот и Crushproof SafeZone преграда за очила за сонце и кревка опрема. Џеб за брз пристап на складирање на акцесоари и лаптоп и таблет преграда, две прегради за чување на резервоар за хидратација, џеб за дискретен пристап и рефлектирачки детали. Панел организацијата ги држи малите предмети безбедно и лесно да се лоцираат.

  1. Marshall Woburn

Звучник кој во изглед е како познатото појачало на Marshall. Звукот е одличен.

  1. GoPro HERO 5

Снимете го светот околу Вас во 4K резолуција и одлично “slow motion” до 240 фрејмови по секунда со GoPro 5. Водоотпорното куќиште Ви овозможува да снимате под вода, плус можноста за конекција со Wi-Fi и Bluetooth Ви овозможува да ја поврзете вашата камера со GoPro апликацијата и Smart Remote за едноставно управување и споделување на видеа.

  1. Sony PlayStation 4 Pro

PlayStation 4 Pro има одлична графика и многу брз процесор. Новата верзија има поголема резолуција и пореални слики, овозможува 4k резолуција и поголем динамичен распон (HDR). PlayStation 4 Pro, чиешто кодно име беше „Neo“ ќе ги поддржува очилата на Sony за виртуелна реалност.

  1. Logitech G900 Chaos Spectrum

Глувчево е лудница, сон за секој гејмер.

  1. Apple TV 4-та Генерација

Мултимедијално доживување за сите љубители на Apple производите.

  1. DJI Phantom 4 дрон

Моментално најдобриот летечки дрон на пазарот. Имате опција да го купите со камера или пак да монтирате GoPro на него.

Среќни празници и израдувајте некого.

За Авторот