Можете ли да си замислите – да купите еден пар очила со диоптрија, кои во текот на носењето можете да ги адаптирате за гледање на блиску и на далеку, да не се гребат и да се неверојатно удобни? Една реклама од безбројните реклами кои ме бомбардираат на Facebook ми нудеше баш едно вакво помагало, наречено Dial Vision и бидејќи секој ден мачам мака со моите очила, се пуштив во истрага. Еве што дознав:

Како концепт, Dial Vision не се нов производ. Први вакви очила кои можете сами да си ги адаптирате според вашите потреби се Alvarez Dual Lens, производ на фирмата Adlens од Оксфорд, Англија. Според нивниот опис, тие „се составени од две поликарбонатни плочи со брановит профил, кои лизгаат една преку друга и со тоа ја прилагодуваат моќта на леќите. Со тоа секоја леќа може посебно да се прилагоди според вашите потреби со помош на копче, без разлика дали ви е потребно да читате или да гледате на далечина.

Детално објаснување за тоа како очилата на Alvarez функционираат

Цената за Dial Vision на Amazon е 53 долари, во пакет кој вклучува карта за одредување на диоптерот и тврда футрола. За сега, производот има рејтинг од 5* на Amazon, од само еден корисник! Но постои уште еден речиси идентичен производ на пазарот, наречен Instant 20/20. Неговата цена се движи околу 24,99 долари на Amazon и има рејтинг од 2,9.

Иако има корисници кои тврдат дека се презадоволни од производот, има и забелешки кои велат дека, спротивно на рекламата, леќите се гребат дури и при прилагодување на диоптерот (се сеќавате, леќите се тријат една од друга додека ги прилагодувате), не е аголот на гледање е ограничен и доколку погледнете во страна, предната плоча не го покрива диоптерот. Да не правиме муабет што може да изгледате смешно во јавност.

Dial Vision се изработени од компанијата Telebrands од САД, компанија која е позната по производи кои се продаваат исклучиво на телевизија. Тоа го објаснува генералното незадоволство од нивниот производ, како и од многу други евтини производи кои се произведуваат со единствена цел да се продадат на далечина.

Со оглед дека станува збор за човечка субјективност, постојат добри шанси дека доколку Dial Vision ви паднат во раце, тие би можеле да ви помогнат да си го подобрите видот, сé додека ги носите. Имајте го предвид следново: според профилот на производот на Amazon, Dial Vision имаат опсег од -6,00 до +3,00. Ако вашиот диоптер е поголем од дадениот, подобро не го вадете паричникот од џебот.

Претходна статијаFacebook Stories: Уште една „новина“ за корисцниците на мобилната апликација на Facebook
Следна статијаИнтерактивна мапа која го покажува зголемувањето на нивото на морињата