Кога имаме тунели за автомобили, камиони, автобуси и возови, зошто да не и за бродови. Кога ќе се спомене тунел за брод, обично прво нешто на што се помислува е скратување на времето на патувањето, нешто слично на каналите коишто се пробиени или се пробиваат на повеќе локации во светот. Но во Норвешка ова можеби и не е најголемата или единствената причина за бродски тунели. Имено на местото каде што се спојуваат Норвешкото и Северното море, турбулентната вода создава сериозни проблеми, има направено огромни штети, па дури има одземено и многу човечки животи во последните неколку децении.

Тунелот кој што сака да го гради Норвешка би чинел околу 272 милиони долари. Овој тунел би бил со должина од над 1,6 километри. Целта на изградбата на овој тунел би била побезбедно патување за сите, а особено за комерцијалните бродови коишто превезуваат поголем број на патници. Димензиите на овој тунел би биле околу 45 метри висина и 36 метри ширина, доволно да собере брод од типот на норвешкиот Hurtigruten. Почетокот на овој проект се очекува да биде некаде во првите неколку месеци во 2018 година.

Реализацијата на овој проект воопшто нема да биде лесна. Треба да се отстранат над седум милиони тони камен и земја, што се проценува на четири годишен процес. Според властите во Норвешка, овој тунел за бродови од една страна значително би го олеснил нивното пловење, но од друга страна би придонел и за дополнителен развој на туризмот.

Извор: TheVerge

Претходна статијаMicrosoft Project Rome ќе овозможи интеракција на Android со Windows апликации
Следна статијаДали вреди да купите iPhone SE во 2017-та?