Shark Tank е реално шоу на американската мрежа ABC, која функционира по форматот на Dragons’ Den од Јапонија, каде претприемачи и иноватори пичуваат идеи за продукти пред панел од инвеститори „ајкули“, кои одлучуваат дали да инвестираат во нивните идеи. После 8 сезони, ова реално шоу има произведено неколку одлични идеи кои, откако ќе ги видите, ќе си речете „како не ми текна на мене“.

Во интерес на просторот, во овој пост ви ги издвојуваме 6те паметни технички гаџети. Ако сте вие едни од луѓето што бараат нови решенија за вашите секојдневни проблеми, тогаш оваа листа е за вас!

Icy Breeze преносен климатизер и кулер

Многу едноставен и корисен гаџет, овој кулер/климатизер функционира како обичен излетски фрижидер, со тоа што ја користи „моќта“ на мразот внатре да ве одржува свежи во текот на врелите денови. Го полните со мраз, ги ставате внатре вашите омилени пијалаци, го приклучувате во струја и тој паралелно си работи како клима уред. Генијално!

Fizzics револуционерен систем за точење пиво

Љубители на пиво, чујте и почујте! Овој фантастичен апарат, кој ја дочекал светлината на денот преку кампања на Indigogo, може пивото купено од продавница да го претвори во комплетно задоволство, како да е тазе наточено. Време е за журка!

Illumibowl

Сигурно ви се случило ова сценарио – станувате на сред ноќ, ви се оди во тоалет и ви е страв да уклучите светло, да не ви ја изгори ретината? За таа цел постои Illumibowl, еден вид ноќно светло кое го монтирате од надворешната страна на школката и се активира на движење, за да можете на раат да си завршите работа и да се вратите на слатките соништа.

Nubrella

Со тежина од едвај 1500 грама, Nubrella е чадор кој се носи како ранче и ви помага да ги ослободите рацете за други активности, поинтересни од носење чадор. Идеален е за фотографирање, но и за шопинг или едноставно за лезет додека врне. Неговите изумители мислеле и еден чекор понатаму, со тоа што можете да си купите и оригинално Nubrella ранче, кое се монтира врз чадорот.

PhoneSoap, стерилизатор за телефони со вграден универзален полнач

Ова апаратче е сон за сите бактериофоби и сите кои темелно внимаваат на хигиената. Некој открил дека нашите мобилни телефони се „покриени“ со бактерии, па го осмислил ова апаратче во форма на футрола, кое со помош на UV светлина уништува 99% од тие лоши бубачиња за само 5 минути! За да не биде залудно времето, телефонот можете да си го полните додека го стерилизирате.

RFID Blocking Signal Vault заштитник од хакери за платежни картички

Овие гаџети во форма на обична платежна картичка, ги чуваат вашите податоци во паричникот од хакери, без никакво напојување, со помош на RFID технологија. Можете да си набавите една, за мал паричник, или две доколку имате голем паричник кон не се витка.

Претходна статијаIntel Xeon E7-8894 v4 е ултра моќен процесор со 24 јадра на 3,4 GHz, кој чини 9.000 долари
Следна статијаМодул 2 – Кои се бенефитите на вашиот продукт?