Вештачката интелигенција напредува се побрзо и побрзо и тоа сигурно нема да сопре. Брзината на компјутерите се зголемува, додека алгоритмите за вештачка интелигенција стануваат се поефикасни. Денес имаме компјутери кои можат да ги победат луѓето во умствени игри, да прават фотографии, да цртаат, да прават музика…

Сето ова треба да се регулира, барем според Елон Маск, бидејќи ако не го направиме тоа веднаш, би можело да биде прекасно.

Факт е, иако импресивна, вештачката интелигенција би можела значително да влијае на животот на луѓето и тоа на лош начин. Ова не го замислувајте како роботи кои би можеле да не „истребат“ (иако и тоа е возможна иднина), туку вештачката интелигенција би можела многу наскоро целосно да ги земе нашите работни места, особено што компјутерот ќе биде поефикасен во извршување на своите работни задачи и ќе биде многу поевтин.

Според Елон Маск, вештачката интелигенција би можела да создаде уште поголеми проблеми, бидејќи ќе има целосен пристап до интернет мрежата, каде ќе може да манипулира информации и со тоа да предизвика дури и војни.

Маск за ова ги предупредил гувернерите на националниот летен митинг на гувернери во САД. Според него, мора да има регулирање на вештачката интелигенција, со особен акцент на тоа дека таа не смее да биде попаметна од луѓето. Прилично „уназадени“ зборови за човекот кој е познат по тоа што размислува супер футуристички, но јас би се сложил дека мора да има регулација на тоа како ќе се користи вештачката интелигенција доколку сакаме да опстанеме како човештво.

Ова сигурно нема да се случи наскоро, но откако вештачката интелигенција ќе стане свесна сама за себе, тоа би можело да стане проблем од глобален размер, кој доколку се почне тогаш не би можел да биде регулиран. Токму и затоа Елон Маск притиска да се делува превентивно, бидејќи во иднината може и да е предоцна.

Извор: Recode, Brisbane Times, CNET

Претходна статијаSamsung случајно го прикажа Galaxy Note 8?
Следна статијаNASA нема доволно средства за реализирање на мисијата на Марс