Surface дивизијата на Microsoft е дефинитивно најнапредна во светот на хардверските уреди денес. Нивните модели буквално започнаа револуција во неколку различни сектори, а Microsoft сега сака истото да го направи и со нашите канцеларии.

Од прилично досадни места, со овие промени канцелариите можат да се направат многу поинтерактивни – уште првите неколку идеи ќе направат да посакате да работиве во таков простор. Тие се инаку смислени и дизајнирани во соработка со Steelcase, компанија која изработува и дизајнира мебел за канцеларии веќе 105 години.

Microsoft и Steelcase предлагаат неколку различни канцеларии. “Duo Studio” на пример е специјално дизајнирана за во неа да може заедно да функционираат инженери и дизајнери, што е особено важно во многу компании.

Ова е постигнато со вградување на Surface Studio „се во едно“ компјутерот и Surface Hub компјутерот со 84 инчен дисплеј. Секако, оваа канцеларија е способна и за редовна посета од други вработени, за што заслужни се преносните Surface Pro 4 таблети.

За оние кои сакаат повеќе да се сконцентрираат на своите дизајни, тука е и “Focus Studio” канцеларијата, во која има вградено еден Surface Studio компјутер и околина која ќе Ве фокусира токму на него.

“Respite Studio” пак е одлично за работа во релаксирана атмосфера – мене лично би ми било идеално за пишување на овие статии, заедно со Surface Book секако. Овој простор може да се искористи и за кратка дремка, со цел да ги наполните „батериите“.

“Ideation Hub” пак е канцеларија во која главното место го зазема Surface Hub, кој може да го користат повеќе корисници како начин за заедничко работење.

“Makers Commons” пак е заедничка канцеларија, која може да се користи за „брејнсторминг“ и која е опремена со цела плејада на Surface уреди.

Извор: The Next Web, Engadget, The Verge

Претходна статија8ми пат SkopjeTeechMeetup – Интервју со Мартин Ковачки
Следна статијаЗнаменосецот на Nokia ќе има Snapdragon 835, но нема да има Carl Zeiss камера?