Многумина од Вас би помислиле дека се работи за некаква шега или пак грешка во насловот на овој пост. Сепак најновите информации кои ни доаѓаат од McDonald’s велат дека е направен редизајн на цефката која ја користат за нивните пијалоци. За што станува збор? Од McDonald’s најавија нов производ наречен Chocolate Shamrock Shake. Тоа е комбинација помеѓу нивниот стандарден чоколаден шејк со вкус на ментол во горниот дел од чашата. Соодносот е пола пола. Значи чоколадниот шејк е на долниот дел, додека половина чаша е полна со новиот ментол вкус на McDonald’s кој што беше претставен на St. Patrick’s Day.

Новодизајнираната цефка за пиење е во форма на буквата „Ј“ каде што пократкиот дел влегува во чашата. На овој пократок дел има повеќе отвори со различни димензии, кои што овозможуваат истовремено да се пие од двата вкуса. За да се постигне посакуваниот ефект, потребно е шејкот да се остави малку да се стопи пред да го конзумираме. Од компанијата велат дека за да се креира една ваква цефка за пиење, биле потребни сериозни и комплексни компјутерски симулации, кои што ќе гарантираат функционалност пред McDonald’s да почне да ги произведува истите.

Оваа иновација на McDonald’s можеби во иднина ќе стане револуционерна. Имајќи во предвид дека постојат различни комбинации на пијалоци од типот на Chocolate Shamrock Shake, и истите не можат правилно да се конзумираат со традиционалните цефки за пиење. Овој нов производ на McDonald’s ќе биде достапен во ограничени количини и само на одредени локации.

Извор: Engadget

Претходна статијаЖенска трка 2017: Извор на здравје, убавина и забава
Следна статијаНа “E3” Microsoft ќе го претстави Project Scorpio – најмоќниот Xbox досега, способен за 4K гејминг