Науката го потврди она што го тврдеа сопствениците на кучиња, а се работи за тоа дали кучињата навистина чувствуваат љубов кон совите газди. Научниците кои се занимаваат со истражување на ова поле, односно неврологијата, велат дека имаат доказ за ова тврдење.

Имено, научниците од универзитетот Емори направиле скенирање на мозокот на 90 кучиња со помош на магнетна резонанца и откриле дека се работи за мисловен процес кој не се базира исклучиво на интересот на кучињата. Кучињата кои учествувале во експериментот, месеци претходно биле приспособувани на звукот кој го произведува магнетната резонанца, за да не бидат исплашени за време на тестирањата.

Истражувањата покажале активности на мозокот во предниот дел на черепот, кои се слични на оние кои се јавуваат кај човекот. За да ја утврди прецизно причината за однесувањето на кучињата, тимот научници ги споредувал нивните мозочни активности кога добивале храна и кога само си играле со нив. Резултатот бил еднаква реакција на мозочните активности, што практично значи дека кучињата не се чисто користољубиви суштества, како мачките на пример…

Извори: Fortune, Barkpost

Претходна статијаIntel претстави чип наменет за вештачка интелигенција кој работи како човечкиот мозок
Следна статијаПопуларниот „Калашников“ произведе прототип на летачко возило