Дали некогаш сте размислувале за кружен аеродром? Кои би биле неговите предности и недостатоци? Првата предност на која што асоцира кружниот аеродром е тоа што нема крај, односно авионот може да добие време и должина на патеката онолку колку што му е потребно. Ова особено важи за слетувањето, доколку се присетиме на многуте случаи каде што при слетување авионот стигнал до крајот на патеката. Кај кружните аеродроми нема да има крај на патеката, што значи и нема да има потреба од хируршки прецизно слетување за да се избегне некоја посериозна несреќа.

Друга предност е правецот на ветерот, којшто ќе може да се искористи на некој начин. Кај обичните аеродроми доколку ветерот дува во спротивен правец од полетувањето на авионот, тогаш имаме неповолни услови. Ова особено важи за полетувањето. Кај кружните аеродроми, ветерот ќе биде неповолен на една страна, но поволен на спротивната. Од друга страна бројот на авиони коишто ќе можат полетуваат и слетуваат во еден одреден период, исто така е поголем кај овие кружни аеродроми. Проценките се дека овој број може да се зголеми дури и за четири пати.

Сепак кружните аеродроми се сеуште само проект кој што нема да се случи во блиска иднина. Но секогаш е добро да се има алтернатива за било кој инфраструктурен објект кој што е од општ интерес, особено ако таа алтернатива има сериозен потенцијал за развој и практична употреба во иднина.

Извор: TheTravelInsider, BBC

Претходна статијаiPhone 8 сепак нема да има заоблен “Edge” дисплеј?
Следна статијаВо блиска иднина вештачката интелигенција ќе се изедначи со човековата