Општо е познато дека постои поврзаност помеѓу физичката активност и депресијата. Бројни истражувања покажале дека луѓето кои се во активна физичка форма имаат многу помали шанси да западнат во состојба на депресија. Покрај користењето лекови, се препорачува медитирање, но се чини дека вежбањето е најефективниот начин за третирање на оваа психичка состојба.

Најновото истражување кое се занимава со влијанието на физичката активност врз психичката состојба, открива дека всушност и не е потребно многу за да се надмине оваа негативна појава. Студијата спроведена на примерок од 33.908 возрасни Норвежани, за период од 11 години покажала одлични резултати. Имено, 12% од испитаниците успеале комплетно да ги елиминираат симптомите на депресија и анксиозност со само 1 час вежбање неделно.

12% е релативно мала бројка, меѓутоа е доволен доказ за позитивното влијание на вежбањето врз состојбата на умот. Од друга страна, резултатите овозможуваат физички да се измери самиот позитивен ефект. За само 1 час неделно, добар дел од испитаниците комплетно успеале да се ослободат од спрегите на депресијата, што е помалку од она што би претпоставиле.

Самите научници не се сосема сигурни на кој принцип физичката активност влијае на умот. Веројатно се работи за комбиниран ефект на зголемена самодоверба, изменети навики и ред други погодности кои доаѓаат со физичката активност.

Извор: WellAndGood, MayoClinic

Претходна статијаПочувствувај ја брзината со оптичкиот интернет на Неотел и искористи попуст од 50 отсто
Следна статијаJapan Display ќе го замени Samsung како производител на OLED за iPhone