Најголемиот кинески производител на паметни телефони се чини конечно најде начин како подлабоко да се пробие на американскиот пазар. Имено, тие го најмија Џастин Лонг како заштитно лице на компанијата, кој на јавноста во Северна Америка е познат по рекламите и кампањата за Macintosh компјутерите на Apple.

Во тие реклами (на видеото најдолу), Apple често го користеше Лонг да се „исмева“ на PC компјутерите, односно оние со Windows оперативен систем, нешто што од друга страна денес го практикува Microsoft со својата Surface линија (памти па врати?). Како и да е, во целиот овој галиматијас сега се вклучува и Huawei, кој го најми токму Лонг за да и ги објасни бенефитите на нивните производи на американската јавност.

Рекламите на Huawei се нормално пред се фокусирани на паметните телефони, кои се главниот интерес на компанијата, но има и по нешто за MateBook таблет/лаптоп моделот со Windows. Интересно, од кинеската компанија и маркетинг компанијата Blast Radius, која стои зад овој проект, сакале Лонг да биде експлицитен во „исмевањето“ на Apple во овие реклами. Сепак, тој се договорил да заземе понеутрална позиција, што може да се види од првото видео.

Овие интересни видеа за жал можеме да ги видиме само во САД – кај нас компаниите во своите реклами не смеат да исмеваат или воопшто да спомнуваат друг продукт со име. Сигурен сум дека доколку им се овозможи тоа, ќе гледаме многу, многу поинтересни реклами насекаде.

Извор: Cult od Mac, 9 to 5 Mac, The Verge

Претходна статијаЗначитечно подобрување на автономните автомобили на Google
Следна статијаМодул 1 – Дали јасно ги артикулирате вашите идеи? (прв дел)