Пред некој ден на МТВ 1, по којзнае кој пат, го пуштија филмот “Како да изгубиш дечко за 10 дена”. Тој е оној жанр романтична комедија кога дечкото и девојката ненадејно во чуден сплет на околности се запознаваат, па се вљубуваат, па се расправаат поради тоа што едниот или другиот се обложиле за нешто на штета на партнерот, па на крај сфаќаат дека се еден за друг, ама девојката е премногу горда за да му признае у фаца и затоа овој трча, вози мотор, лета со авион, со параглајдер, со тротинет, со ролери или со некое друго превозно средство брза за да ја сопре љубената да не отиде на другата страна на Америка.

Еве од мене неколку совети за девојките кои сакаат да го откачат својот Geek дечко, за после да жалат поради тоа, а овој да ја брка од Скопје до Пехчево.

  1. Започни разговор за филмови и за серии. Прашај го својот мил дечко кои му се омилени филмови и серии. Прашањето не е дали, туку кога ќе ти каже дека му се омилени Star Wars/Star Trek, Матрикс, Game of Thrones и Lord of the Rings, кажи му дека првпат слушаш за филмовите. Овој ќе те тера да ги глеаш и кога ќе ги глеаш замарај го и прашај го: “КАКВИ СЕ ОВИЕ ГЛУПОСТИ?!”. После терај го да ги глеате Sex and the City и Gossip Girl.
  2. Однеси го на шопинг во Сити Мол. Поминете неколку пати покрај Ај Стаил продавницата. Кога ќе ти рече да влезете кажи му дека ќе влезете откако ќе си купите нешто од другите продавници. Поминете покрај продавницата неколку пати. На крај кажи му дека се брзаш накај дома да одиш и дека мора со тебе да дојде. Мора да и кажеш уште еднаш дека добро и стои тоа што го има купено.
  3. Кога ќе дојдеш кај него дома, uninstall-ирај му ја омилената игра и избриши му ја папката од местото каде што му е инсталирана. Можеш и иконите на десктоп да му ги прераспоредиш.
  4. Смени му го мауспадот, оној големиот, со нов, со главниот лик на девојката од Gossip Girl. Или пак со Саманта од Sex and the City.
  5. Речи му да ти го форматира компјутерот. Ако те праша дали некои податоци ти се битни, речи му се ти е битно. Нека ти направи бекап. После речи му “Па не мора да ми праиш формат, супер ми е ваков”.
  6. Кажи му дека секогаш компјутерот и iPhone-от му се побитни од тебе. Повторувај му го тоа на секои 30 минути. Може и почесто.
  7. Кажи му дека Deadpool е романтичен филм.
  8. Кажи му дека не му стојат наочарите и дека треба да си носи леќи.
  9. Дај му до знаење дека од седење на компјутер не се заработуваат пари.
  10. Кажи му дека можеш да го поминеш главниот со еден жетон.

Ова се само неколку предлози за тоа како да изгубите geek дечко за 10 дена. Напомена: Во зависност од трудот кој ќе го вложите, како и трпението на Вашиот дечко, периодот од 10 дена може да се зголеми или пак да се намали.

Претходна статијаАвтомобилски седишта кои возачот го одржуваат буден
Следна статијаSpaceX повторно со успешно лансирање и слетување на Falcon 9