Компјутер со вештачка интелигенција кој измисли свој јазик! Ова не само што звучи сензационално, туку во очите на големиот дел од читатели донесува страв од тоа што ќе ни донесе иднината. Сепак, ако добро се истражи што имаат направено компјутерите со вештачка интелигенција на Facebook, ќе знаете дека нема простор за паника. Сѐ уште.

Имено, неодамна дознавме дека Facebook работи на компјутери со вештачка интелигенција, односно поточно на чет ботови, кои преку длабоко машинско учење, се тренираат како да разговараат со луѓе и дури и со други ботови. Двата ботови се викаат Боб и Алис и истите беа подолго време тренирани да научат да комуницираат.

Сепак, во меѓувреме се случи нешто необично – тие не само што научија да се „разберат“ меѓу себе, туку и измислија своевиден нов јазик. Еве го и разговорот меѓу нив:

Bob: i can i i everything else
Alice: balls have zero to me to me to me to me to me to me to me to me to
Bob: you i have everything else
Alice: balls have a ball to me to me to me to me to me to me to me to me

Оние што знаат англиски ќе видат дека во разговорот нема ништо премногу чудно, освен тоа што се повторуваат многу зборови. Според аналитичарите, ова е начин на кој компјутерите го поедноставуваат јазикот кој го зборуваат луѓето, со цел да биде полесен за користење за нив. Во превод, тие немаат измислено нови зборови, туку ова е само комбинација на веќе постоечки зборови во англискиот јазик. Поточно, ова е исто како некои луѓе специјалисти (како на пример брокери), го менуваат јазикот за да можат полесно да комуницираат.

И на крај, најважното појаснување – проектот не е згаснат поради страв дека вештачката интелигенција ќе почне да комуницира неразбирливо меѓу себе и ќе сака да ги избрише луѓето од лицето на земјата, туку од едноставна причина што тој не бил успешен, односно Боб и Алис не научиле да комуцираат со луѓе.

Извор: BBC, Forbes, Global News

Претходна статијаInstagram Stories со одлична популарност кај корисниците
Следна статијаHuawei се доближува до Apple во продажбата на смартфони, Samsung и натаму неприкосновен