И покрај тоа што многумина го гледаат како најголемиот иноватор, Елон Маск е пред се бизнис човек, кој со сите напредни технологии кои ги промовира, народски кажано сака да заработи и голема сума на пари.

Затоа, новите вселенски одела односно скафандери на SpaceX космонаутите ќе бидат функционални, но ќе имаат и модерен дизајн, како во многу холивудски блокбастери, сигурно со цел да привлечат повеќе инвеститори и потоа патници во целиот SpaceX проект.

Она што нема да можат овие одела е да бидат изложени на вакуумот на вселената, односно ќе се користат само додека космонаутите се во внатрешноста на леталото. Веројатно ова е и причината зошто изгледаат толку добро, односно се како припиени за телото.

Како и да е, тие нудат одредено ниво на заштита, односно без проблем можат да издржат во простор каде има одреден вакуум, но нема да можат да се користат за прошетки во вселената, бидејќи не се доволно цврсти за целосен вакуум и за негативните влијанија од зрачењето на сонцето.

Она со кое се гордее Елон Маск е што скафандерите се направени исклучиво во SpaceX, односно тие за ова немаат консултирано други компании или пак личности кои веќе имале вакво искуство досега. Наредниве неколку денови ќе дознаеме и повеќе детали за ова вселенско одело, односно во какви услови ќе може да се користи и какви можности и функционалности ќе има. Сепак, едно е сигурно, тие изгледаат супер кул и се вистинско “Sci-Fi” освежување кај вселенските патувања.

Извор: TechCrunch, The Verge, National Geographic

Претходна статијаБИГЗБИ – Опцијата за гласовно управување на Компанијата Самсунг сега достапна во повеќе од 200 земји ширум светот
Следна статијаApple разработува автономно возило за превоз на своите вработени