Учењето на јазици измислени од креаторите на најразлични филмови и серии не е ништо ново – Клингонскиот од популарниот серијал Star Trek е и натаму изучуван дури и на курсеви, како и во многу апликации или онлајн сервиси.

Сега него ќе му се придружи “High Valyrian”, јазикот кој го зборува веројатно еден од омилените ликови од серијата Game of Thrones, „Мајката на Змејовите“ Денерис Таргариен.

Овој јазик ќе може да се научи преку најпопуларната апликација за изучување јазици Duolingo, чиј специјален инкубатор работел веќе неколку месеци за да може да го донесе пред заинтересираните корисници.

Најавата за “High Valyrian”, многу нормално, беше на самиот тој јазик и тоа директно од специјалистот за јазици во GoT, Дејвид Џ. Петерсон и гласи: Valyrio Māzis, што значи „Валириски доаѓа“.

Интересно, за разлика од клингонскиот во Star Trek, “High Valyrian” не е премногу користен во серијата, односно го зборува само Денерис. Да, него го зборуваат и неколку други помалку важни ликови, но тоа е само дијалект на оригиналниот јазик кој го зборува кралицата.

Јазикот е инаку оформен од две изреки, кои беа популарни во првите неколку сезони – “Valar Morghulis” што значи „Сите мажи мора да умрат“, односно “Valar Dohaeris”, што значи „Сите мажи мора да служат“.

“High Valyrian”, наскоро ќе биде достапен за учење во Duolingo, која е достапна за iOS, Android и Windows, но на интернет мрежата веќе подолго време има речници од овој јазик и голем број на луѓе кои веќе ги изучуваат.

Исто така, многу од вљубениците во GoT го изучуваат и „Дотраки“ јазикот, кој случајно или не, исто така го зборува Денерис Таргариен.

Извор: The Verge, Duolingo, Metro

Претходна статијаПлатформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот
Следна статијаFactitious: Онлајн игра која ја тестира нашата способност да препознаеме лажни вести