Неколку децении по ред, сите полетувања и слетувања кон и од вселената се правеа со популарните спејс шатлови на NASA. Сепак, нивното време измина и тие веќе не се користат, но на нивно место доаѓа Dream Chaser од Sierra Nevada Corporation, компанија која е конкурент на SpaceX Dragon и Boeing Starliner во развојот и производство на летало кое ќе може да лета до вселената и назад поголем број пати.

За разлика од неговите конкуренти, Dream Chaser има многу помеко слетување, кое е поблиско до она на авионите. На пример, слетувањето на Dragon капсулата на SpaceX е многу побрутално, иако подеднакво ефикасно. Поради ова, NASA се одлучи да продолжи да го фундира проектот на Sierra Nevada Corporation, иако лани го откажа поради загриженост дека леталото нема да биде завршено навреме.

Имено, минатата година Dream Chaser имаше проблем со слетувањето и излета од пистата, што нанесе минимално оштетување. Сепак, компанијата не се откажа од развојот на ова летало, што се покажа како одличен потег. Сега, NASA најверојатно ќе го користи Dream Chaser за враќање на проетински кристали пораснати во вселената, кои се особено осетливи и подложни на оштетување. Исто така, Dream Chaser би се користел и за достава на храна и вода до вселенската станица.

Она што најмногу возбудува од ова слетување на Dream Chaser е што конкуренцијата за вселенски летала станува сѐ поголема, што е своевидна најава за нова „вселенска војна“, која со сигурност ќе ја заскокотка љубопитноста за скоро секој заинтересиран за вселената.

Извор: ARS Technica, Space News, The Verge

Претходна статијаApple развива 3D ласерски сензор за подобрена „проширена реалност“ во iPhone-ите од 2019
Следна статијаБесплатни книги од Microsoft достапни за симнување