Модерни чуда од светот на зелената енергија

Напишано на 03.01.2017 - 12:06 од Смартпортал

Иновациите околу нас се поприсутни од било кога. Голема заслуга за тоа има „новата“ гранка на технологијата – зелената енергија. Речиси и да нема модерна градба изградена во последниве години која што на еден или на друг начин не се потпира на обновлива енергија, без разлика дали се работи за соларни кровови или пак за искористување на светлината. Еден од најдобрите примери за тоа како треба да изгледа една модерна градба секако е „аглестата“ зграда во Амстердам или позната како The Edge.

Оваа градба од 40.000 м2 е добитник на многу награди од областа на иновациите и архитектурата. Користи дури 70% помалце електрична енергија од други градби со слична големина. Ова го постигнува користејќи соларни панели, термален систем за ладење и греење, но најмногу се разикува од другите поради аголната искосеност со цел најдобро искористување на сончевите зраци.

Од Амстердам се селиме во Бахреин каде што можеме да се восхитуваме на Светскиот Трговски Центар.

Две кули високи по 240 метри, или 50 спрата, изградени во форма на едра го одземаат здивот со својот дизајн. Но тоа што нас најмногу не интересира е енергетската ефикасност. Единствена ваква градба во светот каде што се вклучени турбини на ветер. Измеѓу двете згради е оставен простор каде што ветерот добива на интензитет, и тука се поставени турбините на ветер кои спасуваат голем дел од електричната енергија потребна за овој објект. Овој објект исто така е добитник на многу награди од областа на архитектурата.

Наредна дестинација ParkRoyal хотелот во Сингапур.

Овој хотел е често нарекуван хотел-градина поради тоа што има 15.000 м2 висечки градини, но и водопади, базени и слично. Најразлични тропски растенија даваат ефект на чист воздух, природно опкружување, но исто така и апсорбирање на дожд, Подоцна оваа количина на вода добиена од дождови се користи за наводнување на растенијата на долните спратови или оние кои што не се директно изложени на отворено.

Извор: HuffingtonPost, GreenPeace

За Авторот