microsoft-cortana-624x330

Иако се’ уште достапна на прилично ограничен број на корисници, нешто што треба наскоро да се промени, Microsoft активно додава функции на Cortana, личниот асистент на Windows Phone. Најновата функција е интеграција на системот на Cortana со Foursquare со што се овозможува добивање на препораки за места од огромната база на податоци со која што располага овој сервис.

Ваквата интеграција на Cortana со Foursquare беше најавена на почетокот од оваа година кога Microsoft инвестираше 15 милиони долари во компанијата и најави соработка. Соработката вклучува користење на базата на Foursquare со пристап поголем од тој што го добиваат другите преку API алатката, што значи дека Cortana ќе може да дава препораки врз основа на вашата моментална локација, покрај другите предности. Како што можете да видите од сликата, Cortana дава неколку предлози за тоа каде корисникот би можел да оди во неговата околина. Притискањето на некој од резултатите ја вклучува Foursquare апликацијата преку која што може да се видат повеќе детали за местата.

dtRkmy

Предноста на добивањето на предлози преку Cortana е нејзината способност да ги учи вашите навики, а со тоа да ви даде подобри предлози. Подобрување на предлозите ќе има и новата Foursquare апликација која што треба да биде достапна за неколку недели. Ќе биде интересно да се види дали оваа нова апликација ќе биде веднаш достапна за Windows Phone заедно со другите платформи или ќе продолжи практиката на претставување после неколку месеци. Сепак со оглед на тоа што од компанијата ја најавија достапноста на новата Swarm апликација за Windows Phone за неколку недели, може да се очекува дека ќе биде достапна и новата Foursquare апликација.

Извор: Engadget, The Verge

Претходна статијаSharks Cove, мини компјутер од Microsoft и Intel
Следна статијаWindows Phone 8.1 Update 1 наскоро достапна за програмерите, ќе вклучува неколку нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.