Еве една вест која е позитивна најава за иднината – брод тргна на 6 годишно патување, во кое нема воопшто да ја загади околината и згора на тоа, сам ќе го произведува потребното гориво.

Бродот веќе тргна од Париз претходната сабота, а целиот проект чини 5 милиони евра.

Нормално, главниот извор на енергија на бродот ќе биде соларната. За таа цел, тој е скоро целосно покриен со соларни панели, кои се главниот извор на енергија додека бродот плови преку ден.

Сепак, тука нив им помагаат и турбините кои работат на ветер (кој го има многу на отворено море) и кои исто така произведуваат енергија која го придвижува бродот.

Но, сигурно се запрашавте, како овој број плови ноќе – турбините сигурно не се доволни за тоа? Точно, затоа ноќе овој брод ги користи резервоарите со водород, кои преку горивните ќелии произведуваат електрична енергија, која потоа ги напојува електричните мотори. И најдоброто од се е што водородот се добива од морската вода преку електролиза, со дел од енергијата која се добива од соларните панели и ветерниците.

Интересно, овој брод не е воопшто нов – идејата за него потекнува од 1983 година и тој веќе е користен во неколку трки на отворено море. Сепак, тој сега е под капа на “Energy Observer” проектот, каде според мене му е вистинското место.

Бродот инаку е долг цели 30,5 метри, што значи дека може да смести и многу патници на палубата, нешто што и не е често кај супер еколошките превозни средства.

Извор: Fox News, Washington Post, Business Insider

Претходна статијаNASA нема доволно средства за реализирање на мисијата на Марс
Следна статијаSamsung претстави LED дисплеј со големина од 10,3 метри наменет за кино салите