Има многу работи кои можат да се направат на Snapchat и кои можат да се наречат кул, но хируршка операција во живо? Реално, не е голем број на луѓето кои можат да поднесат таква глетка, но за оние кои можат, може да биде многу корисно. Барем ако сакаат да научат нешто во врска со хирургија.

Всушност Шафи Ахмед, хирург од Лондон, веќе го направи тоа. Тој, со помош на своите Snapchat Spectacles очила, извршил пренос на операција на кила во London Independent Hospital. Преносот, кој бил поделен во Stories на Snapchat, го гледале од 150 до 200 студенти на докторот и тој бил достапен 24 часа за повторно гледање.

Ахмед не вршел само пренос од интервенцијата, туку давал и свои коментари што прави, со цел студентите да можат полесно да го разберат процесот. И што е најинтересно, ова не е прв пат Шафи Ахмед да вметне технологија во својата работа. Во Април, тој снимал операција за отстранување на тумор од пациент со камера која снима 360 степени.

Во овој случај, студентите буквално можеле да се чувствуваат како навистина да се на операцијата, нормално доколку употребат очила за виртуелна реалност. Ова е многу иновативен начин на предавање, кој полесно и многу побрзо може да стигне до учениците, отколку тие да бидат физички присутни на интервенцијата.

А доколку се прашувате како изгледале Snapchat сторијата на Шафи Ахмед, еве и видео од целата операција. Верувам дека не треба да предупредувам, но не е за оние со „слабо срце“ или пак оние кои не можат да поднесат таква глетка.

Извор: The Next Web, BBC, Time

Претходна статијаAdobe Photoshop сега е компатибилен со Touch Bar во новиот MacBook Pro
Следна статијаБил Гејтс формира фонд преку кој ќе се инвестираат една милијарда долари во зелена енергија