Uber-App-Might-Arrive-on-Windows-Phone-Once-Again-413478-2

Uber, позната и како „омилената компанија на Ајн Ренд“ (па и наша), во името на сите модерни старти-апи кои нудат дигитални превозни платформи, конечно издвојува вистинска победа во политичкиот колосеум. Имено, на 8 септември 2015 година градската комисија во Сарасота (Флорида, САД) изненадно донесе едногласна одлука целосно да го либерализира такси пазарот. Едноставно, нема повеќе скапи регулаторни барања и лиценци кои го ограничуваат слободниот влез на пазарот – ниту за Uber, Lyft и другите дигитални новајлии, ниту пак за таксистите!

Еден од членовите на Комисијата, Сузан Чепмен изјави дека ако градот не го регулира Uber, тогаш не треба да ги регулира ниту такси компаниите (наместо да преовлада принципот „еднаков товар за сите“, со што се превртува на глава принципот на еднаквост – во Сарасота преовлада принципот на еднаква економска слобода за секој, што е суштината на еднаквоста!). Сузан Атвел пак, друг член на Комисијата, кој дошол до седницата со Uber, изјави дека Градот „не треба да ги штити такси компаниите од конкуренција“ (бидејќи на овој начин всушност им штети на интересите на потрошувачите/граѓаните и на слободата на претриемачите да ги нудат слободно своите услуги!).

Одредени граѓани сеуште имаат сомнежи за безбедноста доколку нема (државна) регулација на такси пазарот имајќи висока доза на скептицизам кон идејата дека пазарот е способен да се саморегулира (бидејќи е во интерес на самите фирми). Но, Uber исто така успешно демонстрира како да се користи технологијата за да се обезбеди најбезбедна и најефикасна услуга, имајќи предвид дека било каков пропуст тука ќе влијае на нивната репутација и во крајна инстанца, на нивниот профит. Едноставно, улогата на регулаторот е целосно заменета со технолошки алатки кои ја нудат истата регулаторна услуга без никаква можност за злоупотреба на регулативите за ограничување на конкуренцијата (т.е. „заробување на регулаторите“).

Како што објаснува и Чарли Кенеди, еден од корисниците на Uber: „Uber не ми дозволуваа да возам преку нивната апликација се додека не добив pass откако ја поминав нивната екстензивна проверка…“. Покрај внатрешните проверки, Uber има едноставен механизам преку оценувања на возачите од страна на патниците да ги следи и ангажира само најдобро оценуваните меѓу нив.

Се на се, овој потег од Комисијата во Сарасота е храбро решение кое ќе покаже времето кој е во право. Едноставно, Сарасота избра слободен пазар за сите кои нудат превозни услуги, па нека победи најдобриот согласно изборот на потрошувачите.

Повеќе за оваа вест:

http://www.heraldtribune.com/article/20150908/ARTICLE/150909666/2416/NEWS?p=3&tc=pg

http://www.heraldtribune.com/article/20150909/ARTICLE/150909638/2416/NEWS?p=2&tc=pg

Претходна статијаHonda се приклучува на производителите кои што ќе тестираат самоуправувачки автомобили во Калифорнија
Следна статијаSuper Mario наполни 30 години