images

Attract the shrimps and the whales will come” – Jack Ma

За десетина дена, на 11-ти ноември, кинезите го слават Singles’ Day. Покрај тоа што е празник на оние кои се сингл и се организираат журки и „состаноци на слепо“, Singles’ Day е и репрезент на капиталистичката култура која кинезите ја прифатија на почетокот на 90′ – слично на Black Friday во САД. Ова е можеби омилен ден и на Alibaba, една од најмоќните кинески корпорации на денешницата. Имено, само на 11-ти ноември Alibaba (преку Taobao) реализира продажби во износ од над 9.3 милијарди долари, од кои 42.6% од нарачките се преку мобилната платформа!

Инаку Alibaba Group Holding Limited е кинеска групација за е-трговија, основана во станот на претприемачот и, сега веќе најбогатиот кинез, Jack Ma (и други 17 основачи) во декември 1998 година. Првично замислена како платформа за трговија помеѓу кинеските компании и меѓународните потенцијални купувачи и добавувачи, сега оваа кинеJack Ma_quoteска „комбинација на Amazon, eBay и PayPal искомбинирано со Google трикови“, иницијално поддржана од Softbank Corporation и Goldman Sachs, е гигант во е-трговијата. На 19-ти септември 2014 година Alibaba имаше Иницијално јавно надавање (IPO) – најголемо во историјата на САД – кога нејзината пазарна вредност беше определена на 231 милијарда долари. Денеска Alibaba и нејзините 35.000 вработени се предводени од Jack Ma (Chairman, улога на надзор) и Daneil Zhang (CEO).

Alibaba инкорпорира повеќе бизниси од кои најважните се Alibaba (business-to-business платформа за трговија помеѓу мали компании), Taobao (customer-to-customer кинеска платформа за онлајн шопинг), Tmall (business-to-customer платформа за брендирани производи, воглавно за средната класа и побогатите кинези), Alipay (платниот механизам позади сиве овие платформи) и за нас можеби најпознатиот сегмент од групацијата, AliExpress (меѓународна платформа за онлајн шопинг).

Бизнис-моделот на Alibaba всушност е во суштина сличниот на голем број успешни старт-апи како Uber, AirBnb и други: интернет базар кадешто бизнисите како и трговците и купувачите се чувствуваат безбедно да сеJac Ma_2 „среќаваат“ (подетално го објаснив овој политичко-економски insight во „Тајната на успехот на кооперативниот капитализам“). Во самата мисија на Alibaba стои: „да бидеме есенцијален партнер на сите трговци … да го олесниме водењето бизнис низ светот“ (покрај тоа да постојат 102 години:)). Она што до вчера беше улога на Државата – да постави рамка во која граѓаните и фирмите ќе ги реализираат своите економски и други цели – сега го превземаат старт-апите од типот на Alibaba.

Како прават пари? Кеш-моделот им се состои од неколку елементи: 1) бесплатни услуги – на пример, трговците не плаќаат за да ги продаваат своите производи на Taobao ниту пак Alibaba им зема процент од продажбата што е многу примамливо за над 7-те милиони кинески фирми кои ја користат оваа привилегија; 2) реклами Google style – ако фирмите сакаат да бидат повидливи на е-платформите на Alibaba, тогаш мора да си платат за реклами нешто налик на моделот на супермаркетите кадешто брендовите плаќаат за да бидат на повисоките штандови; и 3) членство – купувачите (сите) и фирмите надвор од Кина имаат бесплатен „влез“ на платформите на Alibaba додека пак кинеските компании особено извозниците треба да платат premium gold supplier членство за што добиваат и одредени повластици.

Квалитетниот бизнис-модел и доброто лидерство од Jack Ma доведе до тоа денеска преку Alibaba поминуваат повеќе трансакции него преку Amazon и eBay заедно (во вредност повеќе од 250 милијарди долари, според Wall Street Journal) (иако, како што наведува аналитичарот на Forber Chris Wright, ова не е исто што и приходи, кои треба да бидат во центарот на вниманието на акционерите. Тој потсетува дека лани приходите на Alibaba биле „само“ 8.5 милијарди долари, далеку помалку од 74.5 милијарди на Amazon). Вкупниот износ на трансакции во 2015 на Alibaba е пораснат за 40% во споредба со лани и имаат плус 350 милиони активни купувачи, што претставува зголемување од 37% на годишно ниво.

Колку бизнис-моделот на Jack Ma и Alibaba е одржлив е отворено прашање, особено имајќи предвид дека се соочува со сериозна конкуренција во мобилните платформи. Сепак, сега засега, Alibaba е фантастичен пример за остварување на американскиот кинескиот сон во глобална отворена компанија и одлична мотивација за секој македонец кој сака да се занимава со е-бизнис.

п.с. Инаку, мотивацијата за Alibaba ми дојде откако отворивме дискусија со пријатели како може AliExpress да биде толку евтин. Сепак, пред да го објаснам ова мислев дека е корисно да напишам воведен текст за Alibaba и да го објаснам нивниот бизнис модел.

Претходна статијаLenovo Yoga 700 е таблет/лаптоп за оние со малку потенок буџет
Следна статијаUlo – Привлечна и паметна домашна безбедносна камера