galaxy-vr-1

Сте замислувале ли некогаш дека додека гледате фудбалски натпревар од дома, во исто време ќе бидете и на трибините на стадионот каде што се игра ? Или пак додека гледате National Geographic, дека околу вас ќе шетаат жирафи, зебри и слонови ?

Доколку не сте, Samsung топло ви препорачува да си го купите Samsung Galaxy S7, бидејќи гратис ќе добиете уште еден интересен уред.

Да, често ги слушав овие муабети дека ќе дојде и тоа време кога од дома ќе се чувствуваме како да се наоѓаме на плажа на Тахити или пак додека гледаме некој филм дека со кацига на глава и со телефонот во неа ќе биде исто како да сме таму. Но, дојде и тоа време. Денес за првпат го почувствував и тоа чувство, ставив кацига на глава и гледав National Geographic и околу мене зебри, жирафи, слонови.

Налик како еден вид наочари за скијање, со одлично лежиште на носот и мала тежина. Одлична стабилност со воздушни перничиња кај слепоочницата и стегач за прилагодување на задниот дел од главата.

На почеток веднаш да расчистиме дека само одредени телефони на Samsung можат да го користат овој гeџет, таканаречен Gear VR, а тоа се Note 5, Galaxy 6 + Edge Plus како и најновиот модел на Samsung Galaxy S7 и S7 Edge.

galaxy-vr-2

За да започнете да го користите Gear ќе мора да го прикачите вашиот телефон на него. Откако ќе го прикачите, вие веднаш ќе може да го користите без да конфигурирате некои дополнителни опции. Само што ќе го ставите на вашата глава, ќе ве пречека маркетот за апликации, игри и филмови Oculus. Она што вие треба да го направите е само да го насочите вашето око кон Play или View и со десната рака да кликнете на страничното копче и започнете ја прошетката во виртуелниот свет.

Она што барем мене ми се допадна е тоа што е доста лесен, флексибилен, едноставен и она најинтересното колку и да се вртите физички вие гледате нешто ново, односно има 360 степени глетка. Глетката од 360 степени во средина на океан или пак на фудбалски натпревар на Вембли стадионот е неописливо.

galaxy-vr-3

Иако екранот е 1440 x 2560 Quad HD резолуција, сепак изгледа дека не е доволно за да биде прикажана одлична чиста слика за човековото око. Gear содржи и мал потенциометар каде што доколку ви е матно или не ви е бистра сликата, може да ја изострите. Да не заборавиме дека од внатрешната страна има сензор кој веднаш штом го отстраните од вашата глава престанува да работи.

Со еден збор, ОДЛИЧНО искуство и одличен гаџет од страна на Samsung. Да се надеваме дека ќе продолжат кон негово подобрување. Со читаме нареден пат каде што ќе ги тестираме новите 2 модели Samsung Galaxy S7 и S7 Edge.

Голема благодарност на дечкото од Самсунг Македонија, Стефан Божинов што ни дозволи да си поиграме со Gear.

Претходна статијаVoxiebox може да прикажува 3D холограми без посебни очила
Следна статијаMicrosoft Edge екстензиите блиску до пуштање за Insider верзиите на Windows 10