galaxy-s7-5

Минатата година со нов и заоблен дизајн доста интересен за публиката, Samsung направи голем ,,бум’’ со тоа што и покажа на конкурецијата дека страните на телефонот освен копчиња за заклучување на телефонот, сликање и зголемување/намалување на звукот, може да содржат и делови од екранот. Samsung Galaxy S6 беше првиот телефон со малку чуден, но сепак интересен дизајн. 2015-тата се покажа како кец на десетка за Samsung, но за се тоа да биде комплетирано како што треба го добивме и Samsung Galaxy S7.

galaxy-s7-1

Дизајн

Доколку ги погледнете S6 и S7 моделите, можеби за момент ќе помислите дека гледате во ист телефон. Но што направи Samsung? Тие направија изгледот што победува, да не се менува, односно тоа што ја освои публиката во случајов S6-ката само ја надоградија со S7-та.

Во S7-та тие ги скратија металните делови, односно ги заоблија уште повеќе и со тоа добија плус простор за својот екран. Иако имаат иста големина на екранот како со S6-та,  5,1 инч, тие успеаја да го истенчат и да ја намалат дебелината на телефонот, но да задржат се останато.

galaxy-s7-2

Димензиите на целиот телефон се 142,4 x 69,6 x 7,9mm. Она што е интересното е дека S7-та е за 1,1mm подебел од S6, но кога ќе го земете во вашата рака го чуствувате спротивното. Причината за тоа е што S7 во останите димензии, односно во должината и ширината се разликува по минимум 1 / 2 mm . Во задниот дел од телефонот може да се забележи дека камерата е доста израмнета со задната маска на телефонот.

galaxy-s7-3

Дисплеј, Хардвер и Батерија

Samsung Galaxy S7 доаѓа со осум јадрен процесор на 2.3 GHz  и 4 GB рам меморија и секако по избор простор за складирање од 32 или 64 GB. Со 5.1 инчен екран и резолуција 2560 x 1440 нуди одличен приказ на фотографиите што ги имаме направено или пак одредени видеа. Можеби 12 мегапикселната камера не изгледа ништо посебно, но Samsung ветува поголема стабилност и повеќе физички пиксели кои наоѓаат повеќе светло искористувајќи ја брзината на авто-фокусот и перформансите на телефонот за во темни околини.

galaxy-s7-4

Подршката за MicroSD картичка е дури до 200 GB. Во нашите тестирања на телефонот со вклучување на повеќе апликации и пребарување на податоци на 4G мрежата на Телеком, батеријата издржа цели 16 часа и 10 минути. Она што би сакал да го напоменам е дека полнењето на батеријата е супер брзо и за многу кратко време може да го користите и да го извадите од полнач.

Недостаток

Од она што истестиравме наидовме на една маана на S7-та, а тоа е што изборот за прикажување на календар/часовник додека телефонот е заклучен е многу мал, односно само стандардните Аналоген или Дигитален. Но Samsung го отвори своето API за програмерите, па се надеваме на поголем избор на нотификации или икони во најскоро време.

galaxy-s7-6

На кратко, тоа би било во оваа прилика и би ја завршил оваа статија со тоа што би кажал само едно :

Можеби Samsung Galaxy S6 ги направи работите да бидат добри, но Galaxy S7 ги направи работите да бидат уште подобри “   

Уште еднаш голема благодарност до Стефан Божинов што овојпат ни дозволи да си поиграме со телефонот.

Претходна статијаXiaomi подготвува 4,3 инчен конкурент на iPhone SE со супер моќни перформанси
Следна статијаSamsung случајно го најави Galaxy S7 Active