Во денешнава рецензија ќе ја претставиме Gigabyte GeForce GTX 780 WindForce 3x OC графичката карта од најновата серија на NVIDIA.

GTX 780 е втората карта по моќност во оваа серија на графички карти на компанијата. Gigabyte WindForce моделот доаѓа со фабрички оверклок на работната фреквенција што дополнително ги зголемува перформансите на картата и практично ја изедначува со далеку поскапиот TITAN.

[ПАКУВАЊЕ]

8084_big

Картата доаѓа во црна картонска кутија со димензии од 405 x 235 x 90 милиметри. На предната страна од кутијата е испечатено големото око кое е заштитен знак на Gigabyte картите, додека на задната страна се наоѓа текст на повеќе јазици со информации околу спецификациите на картата и WindForce 3X ладилникот.

Внатре во кутијата е секако графичката карта, инсталациониот диск, упатството за употреба, еден Molex-to-8pin PCI-E кабел и еден Molex-to-6pin PCI-E кабел. Доста сиромашен избор на додатоци, ако се земе во предвид дека станува збор за премиум производ. Ги нема стандардните HDMI кабел, SLI мост, DVI-to-VGA конектор, па дури и една најобична налепница за на куќиште.

[ПОГЛЕД ОДБЛИСКУ]

Gigabyte WindForce 3X OC картата е со висина од два слота или 4 сантиметри, ширина од 13 сантиметри и должина од 29 сантиметри.

geforce-gtx-780-pcb-front

Gigabyte одлучиле да ја употребат референтната NVIDIA плоча за WindForce OC моделот, истата како и кај GTX TITAN картите. Воедно, GTX 780 го користи и истиот графички процесор – GK110 кој соджи 7.1 билион транзистори сместени на површина од 561 милиметар квадратен. Графичкиот процесор е произведен на 28 нано-метарски процес во TSMC, Тајван.

Картата користи OnSemi NCP4206 регулатор на напон кој нуди прилично ограничени опции за мониторинг, односно нема можност за надгледување на температурата на напонската секција. Мемориските модули се произведени од Samsung и се со ознака K4G20325FD-FC03. Предвидени се да работат на фреквенција од 1500 мегахерци.

8089_big

За беспрекорна работа на GTX 780 и е потребен еден 8 и еден 6 пински PCI-E конектор. Ваквата комбинација дозволува картата да биде снабдена со најмногу 300W континуирано. Присутни се два SLI конектори што овозможува поврзување до четири графички карти, иако официјално NVIDIA поддржува SLI со само три GTX 780-ки.

8086_big

Графичката ги има стандардните видео конектори, еден DVI-I, еден DVI-D, еден DisplayPort и еден HDMI на кои можат да се поврзат максимум четири монитори одеднаш.

WindForce 3X ладилникот е изработен од метал и за отстранување на топлината користи две 8 милиметарски и четири 6 милиметарски бакарни разладни цевки врз кои дуваат три вентилатори. Ладилникот е способен да отстрани до 450W топлинска енергија од графичкиот чип.

[СПЕЦИФИКАЦИИ]

GPU-Z

GTX 780 содржи 2304 CUDA процесори, 48 ROP единици, 192 текстурни единици и 384-битен мемориски интерфејс.

Картата доаѓа фабрички оверклокувана на фреквенција од 954 мегахерци, односно 91 мегахерц повеќе од референтната NVIDIA изведба и boost фреквенција од 1006 мегахерци или 106 повеќе од сандардниот NVIDIA boost за оваа карта. Меморијата e со големина од 3072 мегабајти GDDR5 и работи на фреквенција од 1502, односно 6008 мегахерци QDR.

Максималната специфицирана температура за оваа карта е 95 степени, додека термалниот дизајн e 250W. За картата се препорачува напојување со минимална моќност од 600W.

[ПЕРФОРМАНСИ]

Следува најважниот дел, односно мерењето на перформансите на картата. За таа цел се послуживме со 3DMark 11, Fire Strike, Unigine Heaven, Unigine Valley и Metro Last Light.

Конфигурацијата на која тестиравме е следната:

  • Процесор – Intel Core i7-3770 @ 4300 MHz
  • Матична плоча – Asus P8Z77-M
  • Меморија – Corsair Vengeance 8GB (2 x 4GB) @ 1600 MHz 8-9-8-24
  • Напојување – Cooler Master Silent Pro M2 620W
  • Оперативен систем – Microsoft Windows 7 Ultimate SP1 64-bit

3DMark 11:

3DMark 11

3DMark не пропушти да не извести дека резултатот се наоѓа помеѓу најдобрите 10%.

Fire Strike:

Fire Strike

Fire Strike (Extreme):

Fire Strike Extreme

Unigine Heaven:

Heaven

Unigine Valley:

Valley

Metro Last Light (PhyѕX – Disabled, SSAA – Off):

Untitled 6

Metro Last Light (PhyѕX – Enabled, SSAA – Off):

Untitled 7

Metro Last Light (PhyѕX – Enabled, SSAA – On):

Untitled 8

За време на тестирањата максималанта регистрирана температура беше 67 степени.

[ОВЕРКЛОК]

Иако картата доаѓа со фабрички оверклок и дава импресивни резултати, забележавме дека сеуште има голем неискористен потенцијал, односно простор за понатамошно зголемување на фреквенциите. За да искористиме дел од максималниот потенцијал на картата се послуживме со OC GURU II апликацијата на Gigabyte.

OC GURU II

Фреквенцијата на картата ја зголемивме за дополнителни 52 мегахерци, додека на меморијата за 101 мегахерц. Со ова добивме базна фреквенција од 1006 мегахерци и boost фреквенција од 1058 на графичкото јадро и 1603, односно 6412 мегахерци на меморијата. Без разлика што се работи за прилично скромен оверклок, ќе биде интересно да ги видиме резултатите.

3DMark 11:

3DMark 11 OC

Fire Strike:

Fire Strike OC

Unigine Valley:

Valley OC

Најголемо подобрување со оверклок на картата добивме во Unigine Valley од дури 10.34%, следува Fire Strike со 6.153% и 3DMark 11 со 4.758% подобрување. Ако ги сумираме резултатите, во просек низ трите теста забележавме подобрување од 7%, што воопшто не е за потценување со оглед на минималниот напор.

За крај, неколку фотографии:

Следна статијаНадградба на Skype за iPhone и iPad донесува HD видео повици