1ebe8835f351626ed698a58f8ec2e669
Постои тесна поврзаност помеѓу геодезијата и менталното здравје

Дали вие познавате некој кој не ужива додека е покрај море? Јас не сум сретнала до сега некој којшто не ги љуби прошетките покрај морскиот брег, кој не го сака звукот на морските бранови и галеби, мирисот на морските растенија и кој не ужива во погледот на пространата морска шир. Дури и оние негативни личности кои не сакаат многу да се фокусираат на убавите страни од животот, не рекле нешто лошо за одморот, па и живеењето покрај море. Лично исто така уживам во антистресното дејство што го има морето врз мене.

Научното истражување објавено овој месец во зборникот Health & Place, укажа на тесната поврзаност помеѓу геодезијата и менталното здравје. Ова истражување докажа дека живеењето покрај море, особено во живеалиште со поглед кон морето, е поврзано со подобрување на менталното здравје. Научниците од Универзитетот во градот Кантербури (University of Canterbury) во Нов Зеланд, но и Универзитетот во Мишиген (Michigan State University) ја проучија видливоста на сините и зелени области кај жителите на градот Велингтон во Нов Зеланд.

Велингтон - овој прекрасен град е сместен веднаш до Тасманското Море и Пацификот.
Велингтон – овој прекрасен град е сместен веднаш до Тасманското Море и Пацификот

Во студијата сините области биле дефинирани како водени предели, поточно плажи и океани, додека пак, зелените области претставувале растителни површини, како паркови и шуми. Овие истражувачи направиле многу интересна споредба на топографските податоци со информациите собрани од едно истражување на Министерството за здравство на Нов Зеланд, кое беше искористено за да се процени анксиозноста кај населението и нарушувањата во располошението. Откако предвид биле земени други фактори како што се: приходот на населението, возраста, полот и тн., тие ја открија поврзаноста помеѓу луѓето кои имале поглед кон океанот и позитивно ментално здравје. Она што е специфично да се напомене е дека студијата потврди дека зелените површини немале ист ефект врз расположението.

Ова можеби се случува затоа што сините површини се природни, додека пак, зелените површини вклучувале предели создадени од страна на човекот, како што се спортски терени и игралишта, но и природни области како националните шуми. Можеби доколку ги разгледавме само овие шуми ние можеби ќе откриевме нешто друго“ – објаснува ко-авторот на студијата вонредниот професор Амбер Пирсон (Amber Pearson).

Луѓето кои живеат покрај големи природни водни површини се посреќни
Луѓето кои живеат покрај големи природни водни површини се посреќни

Научниците се задоволни од наодите во оваа студија, но за подобро да се разбере оваа поврзаност потребни се додатни и пошироки слични студии во области кои поседуваат други видови на големи водни површини, како на пример големите езера. Ова научно достигнување според научниците е од суштинско значење за планирањето на градовите во иднина. Со подобро и посеопфатно разбирање на животната средина што не` опкружува и тоа како таа влијае врз нас и нашето психо-физичко здравје, можеме во иднина да живееме во градови кои ќе не` прават уште посреќни.

Од друга страна оваа поврзаност може да се објасни и од друг научен аспект. Имено како што докажа научникот Масару Емото во својот експеримент со звучни бранови, водата има таква структура што памти. Агресивната музика и лошите зборови и емоции поинаку влијаат на молекулите во водата, додека пак, смирената музика и убавите зброви прават сосем поинаква структура на водните молекули. Она што сакам да го кажам е дека водата има својство да смирува затоа што гомелите природни водени пространства имаат таква фреквенција што позитивно влијаат врз водата во нас (нашите клетки), не` чисти од негативните емоции и ни овозможува да живееме на повисоки вибрации, т.е. да сме посреќни.

Извори: IFLScience, ScienceDirect, MSUToday

Претходна статијаОбновлива енергија: Португалија и Германија некаде на врвот
Следна статијаTwitter ќе овозможи подобро искористување на 140-те карактери