landscape-1466883984-7402439760-34d8b207ef-h

Можеби се сеќавате кога пишувавме за постојаната смена на позицијата на земјините магнетни полови. Исто така веројатно знаете дека магнетното поле овозможува ние да сме живи и среќно да си отвораме Facebook и да гледаме слики на Instagram.

Имено, Сонцето е една огромна топка гас која постојано гори водород и хелиум, а дел од изгореното го вади надвор во вид на зрачење (светлина), сончеви бури и космички електрони. Магнетното поле овозможува овие појави значително да се намалат и само 1% од сончевото зрачење да падне на Земјата. Ако ова зрачење би се зголемило само за неколку проценти, огромен дел од животинските и растителните видови ќе изумрат – а ние ќе добиеме изгореници од 3 степен ако не започнеме да живееме под земја.

Во минатото постоеле повеќе магнетни полови кои ги снемало

1466885581-magnetic-field

Сепак, конвенционалното знаење вели дека Земјата има само два пола – северен и јужен. Малку луѓе знаат дека овие ја менувале својата позиција, како што пишав погоре, но колку луѓе знаат дека порано постоеле повеќе од два пола?

Земјиното магнетно поле настанува на интересен начин. Внатрешното внатрешно јадро е цврсто и направено од железо и тешки метали. Слојот над него, кој се вика внатрешно надворешно јадро (да, смешно) е топол и затоа течен. Поради ова може да се движи врз цврстата топка и ова движење го создава магнетното поле.

Меѓутоа, според симулациите направени од Институтот за наука при Карнеги, од почетокот на Земјата пред 4,5 милијарди години пред да се консолидира внатрешното внатрешно јадро, движењето на внатрешното надворешно јадро не било во стабилен пат од север кон југ и обратно, туку било на сите страни. Токму ова го предизвикало феноменот на повеќеполарност, па имало неколку северни, јужни, источни и западни полови.

По стабилизацијата и зацврстувањето на внатрешното внатрешно јадро движењето исто така се стабилизирало, а животот почнал да се појавува на Земјата.

Ете, сега знаете дека земјиното магнетно поле не е така стабилно како што повеќето мислат.

Дополнителни информации: IFLScience, Popular Mechanics

Претходна статијаNest работи на паметно креветче за бебиња, но дали тоа ќе ве направи подобар родител?
Следна статијаAvast го купува конкурентот AVG за 1,3 милијарди долари