15-032.0

Сепак не му се налутила на Марс зошто премногу војувал и така изнервирана пребегнала на Земјата. Според научниците, базирајќи се на информации од леталото MAVEN на NASA, марсовите површинска вода и атмосфера просто „испариле“.

В ред, признаваме дека не е толку едноставно бидејќи има и други фактори и специфики во игра. Тоа што всушност се случило е што дел од сончевите бури кои летале низ Сончевиот систем го погодувале Марс. Ништо чудно тука, Земјата постојано е бомбардирана од вакви бури и заштитена од магнетното поле и атмосферата.

Тоа што се случило кај Марс е што неговата атмосфера не била доволно силна за да му противречи на Сонцето. Честичките кои стигнувале до атмосферата успевале да пренесат дел од својата енергија во горните слоеви, а тие поради својата поголема енергија успевале да се одтргнат од гравитациското поле (кое е два пати послабо од тоа на Земјата) и да одлетаат во вселената.

Во ваквото испарување учествувала и површинската вода која била присутна пред милијарди години. За жал, од еден прекрасен свет со огромни океани и атмосфера, денес Марс е ладно црвеникаво ништовило со ретка површинска вода.

Ако е така, тогаш дали ќе биде возможно тераформирањето на овој наш сосед? Останува да видиме во следните неколку децении. Во меѓувреме, следниот пат кога ќе ви кажат „Сонце мое“ знајте дека можеби сте или ќе бидете одговорни за уништување на целиот екосистем на некоја планета.

Извор: The Verge, Gizmodo

Претходна статијаБил Гејтс вели дека нашиот енергетски систем е лош – Нуди 2 милијарди долари за реформа
Следна статијаMicrosoft ќе почне да ги продава новите Lumia телефони од 20-ти ноември