safdawodfoa

Кој држел класичен Kindle со е-мастило во рака знае за тоа инженерско чудо кое со едно полнење на батеријата може да издржи до 2-3 недели читање. Кога ќе го споредиме тоа со денешниве „паметни телефони“ кои издржуваат едвај (половина) ден работа, тоа изгледа како научна-фантастика. Како го постигнале ова Amazon?

Принципот на е-мастило е дека потребна е само посилна иницијална електрична енергија за да се наелектризираат/магнетизираат/поместат топчињата кои ги претставуваат точките на екранот. Откако ќе се поместат на посакуваната позиција потребна е само минимална енергија тие да останат таму, енергија која е десетици до стотици пати помала од класичната потрошувачка на LCD и AMOLED екраните.

Нешто слично создадоа и истражувачите од МИТ (Масачусетс Институтот за технологија). Всушност, се работи за стакло на кое му треба само еден краток внес на електрична енергија за да од проѕирно стане непроѕирно. Потоа тоа останува така сè до следната промена.

Вакви стакла и претходно имаме видено, но разликата овој пат е што префрлањето од еден на друг модус е многу побрзо – се работи за секунди. Исто така, потрошувачката на енергија е доста ниска, а нема потреба по вртењето да се принесува дополнителна енергија за да остане состојбата фиксирана.

Ваквиот пронајдок може да донесе значителна заштеда на потрошувачката на електрична енергија во домовите и канцелариите. Место да ја „стегнете“ климата на максимум, едноставно таа страна од каде доаѓа директно сонце ќе можете да ја затемните и тоа секако ќе резултира во снижување на температурата за неколку степени.

Материјалот кој е употребен спаѓа во категоријата на т.н. „електрохромни“ материјали, од зборот „хрома“ кој означува „боја“. За разлика од досегашните материјали кои обично се базираат на патување на електрони низ стаклото за да го постигнат ефектот, а во контра правец на нив позитивни јони (шуплини), овој пат истражувачите искористиле сунѓерести материјали наречени метал-органски рамки (metal organic frameworks) кои можат да спроведат и електрони и јони со поголема брзина. Тоа дополнително им овозможило да постигнат непробојна црна боја на материјалот при затемнување, за разлика од досегашните кои постигнуваат само затемнување.

Дополнителни информации: MIT, Engadget

Претходна статијаIntel Joule системот им помага на геџетите да имаат подобра визија за светот
Следна статијаAnniversary Update отсега достапен и за Windows 10 Mobile