Глобално затоплување, многу убиени животински видови, загадување на воздухот, водата, звучно загадување, премногу ѓубре… Ова се само дел од работите кои човештвото ги има направено на Планетата Земја со индустрискиот напредок. Сепак, им и некои работи кои поволно влијаат на Земјината Топка. Имено, според NASA, радио брановите кои ги има на земјата ја штитат од космичко зрачење.

Поточно, радио брановите на земјата го имаат сменето начинот на кој Ван-Аленовиот појас има интеракција со космичкото зрачење (најголем дел од сонцето). Да појаснам, за оние кои не знаат, Ван Аленовиот појас е местото каде зрачењето од сонцето се удира во земјината магнетосфера и притоа се формира силен, радиоактивен појас (од 1.000 до 60.000 km), кој е прилично опасен за космонаутите во вселената, особено оние кои летаа кон месечината.

Радио брановите всушност го оттурнуваат Ван-Аленовиот појас подалеку од атмосферата на земјата. Сега, наместо тој да има интеракција со самата атмосфера, влегувајќи и излегувајќи од неа, тој е многу подалеку од времето кога човекот слета на месечината. Всушност, Ван-Аленовиот појас е многу помоќен – тој беше доволен за спречување на влегувањето на моќните соларни бури во атмосферата во 2015.

Според истражувањата на NASA, радио брановите ја одбиваат штетната соларна радијација, како и други видови на космичко зрачење назад во вселената, уште пред тие да успеат да стигнат до магнетното поле.

Сепак, радио брановите не се доволни да ги спречат потешките зрачења од сонцето, како протоните или пак при екстремни соларни бури. Без грижи, за овие работи и натаму ја имаме магнетосферата.

Ова истражување е исклучително важно за иднината, односно може да се покаже како клучно за праќање на космонаути на Марс. NASA набрзо ќе почне да истражува дали може да ги заштити патниците на таквата мисија од космичко зрачење само со емитување радио бранови, што би можело значително да ја намали цената на патувањето, но и да ја зголеми безбедноста.

Исто така, радио брановите би можеле да бидат круцијални во „Тераформирање на Марс“, односно можат да се искористат за да ја заштитат марсовата амотсфера од повторно распаѓање.

Извор: Futurism, IFL Science, Engadget

Претходна статијаРазгледување на потенцијалите за соработка помеѓу Македонија и Шведска на Форумот на Македонија2025 во Стокхолм
Следна статијаXiaomi Mi Max 2 има масивен 6,44 инчен дисплеј и масивна батерија од 5.300 mAh