Матичните клетки во последно време го привлeкоа вниманието на јавноста откако практично се докажа дека способноста која клетките ја имаат може да помогне во лекувањето, односно спречувањето на развојот на голем број болести.

Но, јапонските стручњаци од областа на медицината отидоа и чекор понатаму, односно изведоа операција на трансплантација на матични клетки. Како што е познато, матичните клетки до сега беа користени индивидуално, односно, пациентите беа третирани со сопствените матични клетки. Меѓутоа, тука се работи за првиот човек на кого е применет методот на трансплантација на матични клетки од страна на друг донор. Од медицински аспект, третирана беше макуларна дегенерација, односно оштетување на видот кое се јавува кај голем број на луѓе, а е поврзано со стареењето.

Кожни клетки на донорот се доведуваат во состојба да можат да бидат развиени во клетки од друг тип, односно се користи нивното својство на матични клетки за од нив да се создаде ткиво соодветно за потребите на пациентот. Доколку пресадените клетки успешно се адаптираат се очекува тие да го запрат развојот на причината која доведува до оштетување на видот.

Во претходни експериментални обиди, користени се матични клетки, но секогаш биле користени клетки земени од самиот пациент. Секогаш се користат клетки земени од кожата на пациентот бидејќи истите имаат најпогодни својства за да бидат развиени за потребите на органите за вид. Што се однесува до актуелната операција, се очекуваат ефектите на подолг временски период за зафатот да започне да се применува, а донорите да поседуваат генетски поволни предиспозиции.

Јапонците ја предводат кампањата за користење на матични клетки, па така, истражувачката Шинја Јаманака иницира формирање на банка за чување на матични клетки, со што ќе им се овозможи брз третман на голем број луѓе, наместо досегашното чекање на соодветен донор, кое може да одземе месеци.

Извор: Engadget

Претходна статијаКако фитнесот и технологијата станаа компатибилни
Следна статијаСтивен Хокинг е во потрага по нов глас