npr-may16-chimera-final_wide-14b34b26ff94b46a4eeb89217aa71de50c8c6551-s1200-c85
Создадени се нови човечко-животински ембриони (химери) за истражувања

Група на научници од САД се обидуваат да направат нешто што многумина ги згрозува и според многу конзервативни сфаќања претставува нешто тотално неетичко и против Божјите закони. Ние ја истражуваме науката со цел повеќе да го разбереме настанокот на светот, па зошто да е контроверзна употребата на нашето знаење и научни достигнувања со цел да го усповршиме светот во кој живееме и со цел да им олесниме на идните генерации? Со цел да пронајдеме лекови за многу болести за коишто до сега не постои лек?

Во потрага по разновидни лекови и со цел поуспешно да истражат одредени болести, научниците создаваат ембриони коишто истовремено содржат човечки и животински гени. Научнците се надеваат дека овие ембриони, познати како химери (кајмери), на англиски chimeras, можат да го спасат животот, па и здравјето на лицата коишто боледуваат од разновидни мистериозни болести.

Еден од начините како овие ембриони создадени од човечка рака можат да му помогнат на човештвото е на пример создавањето на подобри животински модели за лаборатосриски истражувања, врз коишто ќе може да се истражуваат разновидни човечки болести и новите терапии.

Пабло Рос од Универзитетот во Калифорнија Дејвис вметнува човечки матични клетки во ембрион на свиња, како дел од експериментот за создавање кимера ембриони
Пабло Рос од Универзитетот во Калифорнија вметнува човечки матични клетки во ембрион на свиња, како дел од експериментот за создавање кимера ембриони

Друга цел на ова истражување е најверојатно создавање на нови животински видови коишто ќе поседуваат човечки органи што по потреба ќе можат да бидат трансплантирани кај терминално болните пациенти. Сепак, научниците кои се противат на овој изум (како многу биоетичари), се многу загрижени затоа што сметаат дека токму овие нови „меѓувидови“ ја преминуваат црвената линија „Навлегуваме во несигурна подлога што сметам дека е деструктивна за нашето чувство на човечност“ – вели професорот по клеточна биологија и анатомија Стјуарт Њумен (Stuart Newman) од Медицинскиот колеџ во Њујорк.

Аргументите на поборниците на оваа теорија се исто така доста силни. „Ние не се обидуваме да ги направиме химерите само затоа што сакаме да видиме некој вид на монструозно суштество. Ние ова го правиме со биомедицинска цел“ – истакнува Пабло Рос (Pablo Ross) репродуктивен биолог од Универзитетот во Калифорнија, Дејвис.

Овие експерименти се толку етички неразбрани, така што дури и Американските Национални институти за здравство (National Institutes of Health – NIH) воведоа мораториум за финансирање се` додека властите ги истражуваат етичките проблеми на ова поле. Но, кога нешто вистински се сака, тогаш секогаш може да се најде начин. Научниците и покрај законското одлагање од NIH, успеваат да не ја прекинуваат својата работа финансирајќи ја со помош на алтернативни фондови. Тие веруваат дека резултатите до кои веќе успеале да дојдат ќе ги натераат властите да го тргнат мораториумот и дека со задоволство ќе сакаат да ги поддржат во нивната напредна работа.

Кажете им: „Добре дојде“, на новите меѓувидови. Полуживотни? Полулуѓе?
Кажете им: „Добре дојде“, на новите меѓувидови. Полуживотни? Полулуѓе?!

Професорот Рос за порталот NPR објасни на кој начин се создаваат овие химери. Овие ембриони се создаваат со помош на новата техника за модифицирање на гени. Доколку научникот сака на пример да создаде нов панкреас што теоретски може да биде пресаден кај пациентите со дијабет, од свинскиот ембрион најпрво се отстранува генот што `и е потребен на свињата за да создаде панкреас. Рос прави мало отворче во надворешната мембрана на ембрионот со ласер, а потоа инјектира молекула синтетизирана во лабораторија. По овој процес на чистење на ембрионите од конкретните животински гени, Рос прави друго отворче во мембраната со ласер за да ги инјектира човечките индуцирани плурипотентни матични клетки – iPS.

iPS клетките се одликуваат со тоа што можат да се претворат во било какви клетки на сите ткива и органи во телото. Научниците се длабоко уверени во моќта на овие матични клетки. Токму затоа што овие клетки можат да бидат создадени од кожата на пациентите (дури и зрелата кожа на возрасните), секој орган што ќе биде од нив создаден ќе биде идеален парник за пациентот што има потреба од токму тој орган.

Со ваквиот начин на растење на органите по потреба за конкретен пациент, може да се намали ризикот од отфрлање на новиот орган, што е чест случај кога трансплантираниот орган е од друг човечки донатор. Исто така, најверојатно ќе се намали и потребниот период за земање на имуносупресивни лекови. За химера ембрионот да може да ги развие новите органи, научниците мораат да ги вратат во матката на мајката (свињата) што подразбира хируршка постапка.

Јас длабоко верувам дека наскоро нема да имаме потреба воопшто да создаваме нови видови на „животни“ за врз нив да се тестира човечката козметика и лекови. Сепак, и покрај нашите големи права и слободи, ние не сме Богови туку само луѓе и немаме право да одземаме нечиј живот само заради тоа што сме „најпаметниот“ вид на оваа планета. Научниците како изговор ја користат фразата дека со тестирањата врз животни се заштитуваат многу човечки животи. Во ред, но зошто тие сметаат дека животинските животи вредат помалку? Само затоа што знаеме да размислуваме и зборуваме не сме најважни на оваа планета, заморчињата исто така имаат душа и сакаат да живеат. Сите треба да живееме во идеален сооднос, мир, љубов и соработка и токму како „најголем“ вид треба да сме доволно свесни дека токму ние сме животните коишто треба да се грижиме за сите други помалку паметни видови на животни од нас. Наместо да претставуваме опасност за безгласните, треба да сме нивни заштитници.

Извори: NPR, Futuristech

Претходна статијаGigabyte го претстави најмоќниот гејмерски ултрабук лаптоп
Следна статијаJolla го распродаде својот нов паметен телефон од 190 евра со Sailfish OS