Според многу еминентни научници, има два водечки начини на кои ние луѓето ќе можеме да се подобриме во иднината. Едниот е со помош на машините, односно компјутерите, додека другиот е со помош на генетика.

Првиот е многу позастапен во популарните медиуми, но еве откритие кое би можело целосно да го смени тоа – научници од САД генетски модифицираа ембрион со цел целосно да ја елиминираат генетската мутација на срцето.

Ова е постигнато со реагирање во CRISPR (Clustered regularly interspaced short palindromic repeats), односно сегменти на ДНК низата кои се повторуваат. Според научниците, ова е прв пат да се реагира во ДНК на ембрион и да се исчисти само мутацијата која претставувала проблем, без да се направи промена во другите низи на ДНК. Ваквиот начин на отстранување на мутации би можел да отстрани илјадници болести кои се должат токму на мутација на гените и кои досега беа најчесто неизлечиви.

Лекувањето со „чепкање“ во гените сепак претставува прилично голем проблем. Многумина сметаат дека не е етички да се допира во самиот код на човекот со цел да се промени на подобро, односно да се отстранат „проблемите“. И додека тоа е навистина така, на човештвото дефинитивно му треба напредно размислување – генетската модификација можеби не е природна, но со неа човекот би земал многу работи во свои раце и би имал поголема контрола на болестите, но и на тоа во каква насока ќе се движи неговата еволуција. Нормално, како и секогаш, ова многумина ќе го злоупотребат, но така е со секое ново истражување, нели?

Извор: TechCrunch, Gizmodo, Vox

Претходна статијаMoto G5S и G5S Plus се само минимално подобрување во однос на претходниците
Следна статијаSamsung има нов смартфон на преклоп со два 4,2 инчни дисплеи