AY0nPU0

Знаеме дека постои модерна Марс-хистерија, но не знаевме дека до толку е развиена. Имено, според најновиот исказ од NASA, тие очекуваат да остварат независна човечка колонија на оваа планета до 2030 година!

Да, за 15 години од сега да постои долготрајна база на Марс која ќе биде самодоволна за живот. Како точно планираат да го остварат ова е добро прашање. Сепак, NASA веќе подолго време испитува начини за патување и преживување на Марс. Во тоа не е осамена, па тука го имаме Елон Маск со планови за метрополис и за експлодирање на нуклеарки врз површината (како начин за побрзо тераформирање, де), Денис Тито и други.

Други, пак, не веруваат дека остварување на долготрајна самодоволна база на Марс е возможна. Сепак, NASA верува. Според нив, мисијата ќе има три фази –

  1. Зависна од Земјата;
  2. докажување на самодоволност; и,
  3. независна од Земјата.

Во нивниот најнов документ, „Пат до Марс“ тие ги опишуваат начините и техничките тешкотии кои треба да се надминат во блиска иднина за да се оствари ваквата мисија. „Напорите кои се превземаат денес и во следната декада ќе ја постават основата за Земјо-независна, одржлива присутност во длабоката вселена. Живеењето и работењето во вселената бара прифаќање на ризик и патувањето е вредно за ризикот“.

Штом се толку решени да одат на Марс, кои сме ние да ги сопреме? Подобро би било да им се придружиме, макар во мислите (и средствата). Кога се работи за мислите би ви ја препорачале книгата „Марсовец“ од Енди Уејр, која ќе ви ги покаже тешкотиите кои би можеле да се јават при една ваква човекова мисија.

Извор: Telegraph, IFLScience

Претходна статијаИнтел објавува приход од третата четвртина од 14.5 милијарди долари
Следна статијаСтудентски попуст на AllWeb