Срцевите заболувања се практично невозможни за идентификација во најголемиот број од случаите. Од истата причина тие се одговорни за една четвртина од смртните случаи на глобално ниво и една од проблематиките на чие решавање работат современата технологија и медицина.

Како што е познато, лекарскиот преглед за контрола на работата на срцето се врши со помош на ЕКГ апарат или друг сличен вид на електронски уред, но и понатаму се работи за непрактично дејство. Во таа насока, науката работи на создавање на уреди за контрола на работата на срцето кои ќе бидат помали, попкратични и преносливи.

Најреволуционерен напредок на тоа поле направи компанијата AliveCor и нивната Kardia. Се работи за паметен електронски уред кој буквално го собира во џеб. Kardia овозможува читање на ЕКГ слика за околу 30 секунди со едноставно поставување на неколку прсти врз нејзината површина. Уште поспектакуларниот дел е фактот дека податоците кои Kardia ги собира се чуваат и анализираат преку различни алгоритми за кои се верува дека можат да предвидат или откријат срцево заболување или друга аномалија.

Меѓутоа, со цел да се дојде до прецизна слика и увид во работата на срцето, потребни се долги и постојани контроли и увид на ситуацијата во секое време. Новината во врска со овој апарат е токму своевидниот „оперативен систем“ кој се очекува постојано да собира информации и истите да ги анализира. Предвидено е за период од еден месец користење програмот да формира комплетен профил на работата на овој витален орган.

Главниот акцент при откривањето на аномалии е ставен на откривањето на рани знаци на срцев удар. Во насока на практичност, тимот на инженери кои го развиваат концептот одат до таму користењето на апаратот да биде крајно едноставно и незахтевно. На тој начин корисниците би се охрабриле на користење и не би го доживеале како обврска. Принципот е создавање на „надзорник“ на работата на срцето. Можностите на Kardia одат до таму, што доколку програмот не е во состојба успешно да идентификува проблем, едноставно испраќа порака на предупредување инсистирајќи на лекарски преглед.

Во иднина, би можела да се најде широка примена на софтверот, со оглед на тоа што е лесно применлив на електронски уреди како паметни часовници, паметни телефони, накит и сл. На тој начин, срцевите удари веќе нема дабидат толку непредвидливи, а лекарите ќе имаат кристално јасен увид врз состојбата на своите пациенти.

Претходна статијаДубаи ќе го добие првиот 3D испечатен облакодер
Следна статијаИзраелска компанија развива софтвер кој ќе го проценува карактерот врз основа на ликот