m16-050

Почнувајќи од 13:12 часот по наше време, па во наредните 7,5 часа, најмалата планета во нашиот сончев систем, а во исто време и најблиската до Сонцето, Меркур ќе помине помеѓу Земјата и Сонцето.

Ова како појава е ретко и се случува само 13 до 14 пати во еден век. Се разбира, не е ова бројката на поминување на Меркур околу сонцето. Оваа планета како најблиската планета до ѕвездата, тоа го прави многу често, меѓутоа видливоста на настанот од Земјата е тоа што е ретко, поради потребата да се погодат сите позиции и агли за гледање.

Поминувањето не може да се види со око без потребна опрема, а истото и не е препорачливо, поради оштетување на видот. На сите аматери астрономи им се препорачува користење на филтер на нивните телескопи.

NASA ќе врши пренос на поминувањето на Меркур, а тоа ќе може да се гледа преку нивната NASA TV страна.

Извор: Huffington Post, National Geographic, NASA

Претходна статијаMicrosoft ќе ја тргне наметливата Get Windows 10 апликација по 29 јули
Следна статијаКако едноставно да го вклучите вашиот neoTV ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.