happiness-06

Чувството на среќа од секогаш било двигател на човечкиот живот. Но, како да се одржи среќата кога секојдневно ни се случуваат непланирани нешта што често пати влијаат врз расположението? Токму поради ова психолозите од Универзитетот во Калифорнија открија и проучија зачудувачки факти за среќата што можат да ни го променат животот на подобро.

Професорката по психологија Д-р Соња Лајбомирски (Sonja Lyubomirsky) од универзитетскиот кампус Риверсајд помеѓу своите врсници е позната како „кралицата на среќата“ веројатно затоа што со оваа тема активно се занимава и ја проучува уште од нејзините студентски години. Едно од нејзините најголеми откритија е „основната точка на среќа“, односно секогаш кога во животот ни се случуваат настани што се екстремно позитивни или пак, екстремно негативни, ние по некое време секогаш се враќаме на основната точка на среќата.

Крајно време е да престанеме да бараме изговори за да (не) бидеме среќни. Крајно време е да престанеме да ги кривиме околностите дека се виновни за тоа што сме и за тоа како се чувствуваме, затоа што надворешните услови влијаат со само 10% во нашата целокупна среќа. Секој од нас може да биде среќен постојано и во секое време, истакнува Д-р Соња. Таа заклучува дека нашите гени се само делумно одговорни за нашата среќа и тоа со околу 40%. Ние сме создадени да бидеме среќни и секој од нас може да влијае врз своите гени и својот живот засекогаш да го направи среќен, затоа што секој има дури 50% удел во својата среќа.

Сите сме биле сведоци кога нешто силно сме посакувале и откако сме го добиле предметот или настанот што сме го посакувале, истото повеќе не не` усреќува како што сме замислувале дека ќе биде. Тоа е поради фактот што самата желба и патот кон остварувањето на желбата се изворот на среќа. За посреќен живот покрај советите на Д-р Соња, најважно е да научиме како да се радуваме на секој момент од животот и да прифаќаме буквално се` што ни се случува како благослов, а секој ден да го гледаме како подарок.

Д-р Соња додава дека се` се учи и се` е навика. Најпрво треба да ги искорениме сите оние навики, започнувајќи од нематеријалните, како што е на пример начинот на кој го гледаме светот и смислата на животот, што не` прават несреќни или пак, не` спречуваат да си го одржиме нивото на среќа. Потоа потребно е трајно да си врежеме нови навики што ќе не` направат перманентно среќни. Заборавете на изолирањето, обвинувањата, критикувањето, жалењето, импресионирањето на другите, негативната енергија и негативните луѓе, споредувањето, негрижата за себе, бегањето во минатото или иднината и заборавањето на сегашниот момент. Единствената причина заради која треба да се враќаме во минатото е за да научиме некоја лекција од него и за да увидиме колку сме напреднале.

Народната изрека „Работата го чини човекот“, сега врз основа на сознанијата од Д-р Соња е двосмислена и може да се протолкува малку поопширно. Постојано треба нешто да работиме за да бидеме исполнети, но исто така не смееме да заборавиме и да работиме на себе. Доколку некои обврски не` растажуваат или нервираат, едноставно треба да го промениме начинот на кој ги гледаме. Ништо не е тешко доколку искрено и вистински се сака.

Извор и повеќе информации: LinedIn Pulse

Претходна статијаAlcatel One Touch GO PLAY е смартфон од средната класа, отпорен на вода и удари
Следна статијаKeRanger – Првиот целосно функционален ransomware кој ги таргетира Mac компјутерите