Пред некое време пишувавме за првото историско откривање на гравитационите бранови од страна на набљудувачката станица наречена LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory) во САД. Тоа самото по себе беше историски настан бидејќи гравитационите бранови претходно беа само теоретски концепт кои изникнуваат од теоријата на релативитет поставена од Алберт Ајнштајн.

Новото откритие е посебно во тоа што траењето на забележаниот феномен е поголемо – околу цела секунда, за разлика од претходното кое траеше околу 1/5 секунда. Второто „посебно“ е во тоа дека го потврдува првото („историското“) прибележување и ја избегнува таа операција како случајност или грешка.

Гравитациони бранови при спојување на црни дупки

d3edio7vdkdifjh9il4c

Инаку, забележувањето на гравитационите бранови беше овозможено од доста неверојатниот феномен на спојување на две црни дупки, кои практично се споиле пред 1,4 милијарди години, а гравитационите бранови тек сега стигнале до нас. При нивното спојување се случил феномен на натиснување и истегнување на просторот при нивното вртење една околу друга.

Овој феномен го објаснив во една претходна статија, и ви го пренесувам во продолжение:

… ако некој масивен објект започне да се приближува до друг и особено ако влезат во некоја интересна танцова конфигурација (на пример, две црни дупки кои почнуваат да се вртат околу себе додека го намалуваат меѓусебното растојание) тогаш гравитацијата од двата објекта почнува да „реагира“ и да прави дисторзии во времепросторниот континуум.

Ако двата објекта не се врамнотежат во стабилна конфигурација туку продолжат да го намалуваат меѓусебното растојание, а да ја зголемуваат брзината, гравитациските зрачења кои ќе произлегуваат од нив ќе добијат ефект на „бранови“ – полиња на помала и поголема гравитација кои се шираат во концентрични кругови од изворот и на кои им се намалува моќта квадратно со растојанието.

Теоријата на релативитет не е целосно потврдена со ова откритие

Без разлика што откривањето и потврдувањето на гравитационите бранови е една емпириска потврда на гравитационите бранови, таа не е единствена. Според Мора Меклафин, професор при Вест Вирџинија Универзитетот, остануваат уште неколку работи да се откријат, како на пример, постоењето на поларизација на гравитационите бранови.

Таа дополнително смета дека откривањето на овие бранови е еден вид на објектив кој овозможува нов поглед кон вселената кој штотуку почнуваме да го откриваме и користиме. „За мене тоа е прекрасна работа, да можеме да видиме работи кои претходно биле само теоретизирани или недиректно забележани“.

Браво научници.


Дополнителни информации: Wired, Society for Science, The Register

Претходна статијаGoogle со нов начин за најавување на сметките со дво-факторска автентикација
Следна статијаКина го има најмоќниот суперкомпјутер на светот целосно изработен од кинески чипови