Главниот фокус на науката е да го олесни животот на луѓето. Развојот на науката, може да се забележи дека е нераскинлив дел од развојот и на самата цивилизација. Па така, може да се види дека науката во последно време се повеќе се насочува кон исполнување на човечките каприци и се занимава со индивидуата, но тоа е сосема логичен развој на настаните доколку се знае начинот на кој луѓето функционираат.

За таа цел, науката „се заканува“ дека ќе развие технологија која ќе го замени дури и вежбањето, тренд кој е енормно популарен особено последните години. Тоа се покажува во студијата изведена од страна на стручњаци по ендокринологија, кои како појдовна точка го земале познатото позитивно дејство на вибрациите. Вибрирањето на телото, како што е познато, има позитивен ефект кога се однесува до слабеењето и справувањето со дијабетес. Додека седите, лежите или стоите на вибрирачка платформа, самите вибрации предизвикуваат контракции на мускулите што практично има ефект на масажа или физичка активност. Практично-вежбање без движење.

Научниците кои ја изработиле студијата дошле до заклучок дека луѓето кои имаат проблеми со тежината можат да почнат со решавање на тој проблем токму со помош на вибрациите. Меѓутоа, како што е споменато, се работи за начин на кој би можело да се започне со слабеење, бидејќи телото има својство на адаптирање на одредени физички навики, со што по извесно време ефектот се губи. Како и да е, праксата покажува дека луѓето кои имаат проблеми со тежината, како и оние кои не се во можност да се движат, од најразлични причини, би можеле на овој начин да одржуваат физичка активност.

Научниците се сложни околу тезата дека не постои начин да се постигне добра физичка форма без движење. Движењето е есенцијално за нормално функционирање на организмот. Без оглед на напредокот на технологијата не постои ниту начин за брзо репрограмирање на организмот или надоместување за неквалитетниот начин на живеење или исхрана.

Она што може да се заклучи е дека технологијата всушност, се обидува да го направи лесно она што е замислено да биде тешко. Научниците сметаат дека тоа ќе се одрази на следниот начин: економски, ќе значи дека животните осигурувања ќе бидат поевтини за луѓето кои се во добра физичка кондиција; состојбата на организмот ќе биде многу поедноставно да се мониторира, со помош на гаџетите кои тхнологијата ги развива и се веќе достапни; и низа други технолошки бенефити во насока на вежбањето.

Од друга страна, во време кога сме опкружени со технологија во секој можен аспект на животот, вежбањето може да ни понуди, покрај физичка, ментална благосостојба. Еден час вежбање може да значи „исклучување“ од секојдневието, работните обврски, притисоците, стресот, со други зборови, враќање кон нетехнолошката реалност.

Извор: Healthline

Претходна статијаGalaxy S8 може да пушта музика на два пара Bluetooth 5.0 слушалки одеднаш
Следна статијаИзведено пресадување на матични клетки од друго лице